ССНМ на средба со новинарите и медиумските работници од Прилеп

Датум

Како плод на разговори од претходниот период и заеднички интерес во областа на медиумите и нивната работа, а со самото тоа и егзистенцијата на колегите од Прилеп, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници придружуван од партнерот РЕСИС на 16 ноември 2023 година одржа работен состанок во Прилеп.

На средбата за која постоеше голем интерес присуствуваа дваесетина новинари и камермани ангажирани во локалните медиуми и како дописници на националните медиуми, и според најавите, се разви темелна дискусија за позицијата, статусот, условите за работа, но и за идеите за подобрување на сите состојби.

Констатација за влошување на ситуацијата за што доказ е малиот интерес на младите за професијата во последните години, потребата од заедничка артикулација на барањата за подобрување на условите за работа, под закрила на Синдикатот, но и критика за нееднаков аршин во пристапот кон колегите од внатрешноста со тие од Скопје беа дел од темите. Натаму низ двочасовните разговори стана збор и за барањата на прилепските колеги за регулација во онлајн сферата во измените на Законот за медиуми, за последиците од потенцијалното враќање на државното рекламирање во приватните медиуми, и за можноста и бенефитот од обединување на сите новинари од седумте плански региони.

Претставниците на институтот РЕСИС на собирот ги презентираа активностите од Проектот „Работнички права за независно новинарство“ што го спроведуваат РЕСИС и ССНМ и целите на тековното мапирање на новинарите и медиумските работници. Игор Мицевски и Снежана Трпевска се осврнаа и на поставувањето на основи за системско мониторирање на кршењето на работничките права во медиумите и нивна заштита што е дел од основните програмски определби и Стратегијата во подготовка на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумски работници.

Средбата со прилепските новинари и медиумски работници беше организирана во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“ поддржан од Европската Унија, а спроведуван од ССНМ во партнерство со РЕСИС.

Останати
објави

Сподели на...