ССНМ организираше работилница за новинари и медиумски работници од локалните медиуми

Датум

Повеќе од 20 новинари и медиумски работници учествуваа на работилницата со наслов „Правата и безбедноста на новинарите од локалните медиуми и вмрежувањето како начин за акција“ која изминатиот викенд се одржа во хотел „Молика“ во Битола.

На работилницата новинари и медиумски работници од локални и регионални медиуми, како и дописници за национални медиуми имаа можност да споделат искуства и да слушнат за начините на борба за подобрување на професионалните и работните услови во новинарството.

Главни теми на работилницата беа работничките права во медиумите, беа запознаени со најчестите права кои се прекршуваат како и механизмите за нивна заштита. Предавачот Неда Чаловска Димовска исто така се осврна и на дискриминацијата и родовобазираното насилство во медиумите, а зборуваше и за начините за заедничка акција преку вмрежување.

На работилницата беше покриена и темата за безбедноста на локалните новинари и медиумски работници, за која презентација имаше адвокатот Иван Брешковски. Тој зборуваше за новитетите и предизвиците околу безбедноста на новинарите и медиумските работници, како и за практики и препораки при известување од настани со висок ризик.

Оваа работилница беше прва од двете наменети за новинарите и медиумските работници од локалните и регионалните медиуми кои Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници – ССНМ ги организира во рамки на под-грантот „Зајакнување на интегритетот и безбедноста на локалните новинари/ки и медиумски работници“ дел од проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ финансиски поддржан од Европската Унија, а во реализација на Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ и партнерските организации, Иницијативата за европска перспектива – ИЕП, и Европската федерација на новинари – ЕФН.

Останати
објави

Сподели на...