ССНМ со повик за учество на втора работилница за правата на локалните новинари и медиумски работници

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници отвора повик за учество на дводневна работилница за „Правата и безбедноста на новинарите од локалните медиуми и вмрежувањето како начин за акција“.

Настанот ќе се одржи на 6 и 7 јули 2024 во комплексот „Етно село Тимчевски“ во Куманово, а право на учество имаат колегите новинари и медиумски работници од локалните медиуми и дописници на медиумите од Македонија без оглед на моменталниот ангажман и позиција, на возраст и на тип на медиум во кој работат.

Целта на обуката е низ регионални работни средби да се подигне свеста за работничките и професионалните права на новинарите и медиумските работници од локалните медиуми, како и поставување основи за заеднички настап и акција за подобрување на работните услови. ССНМ на обуките ќе понуди и модели на вмрежување преку кои полесно ќе се остваруваат правата, а на овие настани ќе ги користи и услугите на експерти од областа на граѓански организирања, идентификување на проблемите и постапување во рамките на истите.

Рокот за пријавување е 1 јули 2024 година, а сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија на електронската пошта на ССНМ: ssnm.info@gmail.com. Сместувањето и превозот се целосно обезбедени од организаторот. За дополнителни информации во врска со обуката можете да не контактирате на истиот меил.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници оваа обука ја организира во рамките на под-грантот „Зајакнување на интегритетот и безбедноста на локалните новинари/ки и медиумски работници“ дел од проектот „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ кој е финансиски поддржан од Европската Унија, а во реализација на Здружението на новинари на Македонија и партнерските организации, Иницијативата за европска перспектива, и Европската федерација на новинари.

Останати
објави

Сподели на...