ССНМ во Куманово разговараше за начините на спас на локалните медиуми

Датум

ССНМ на средба со новинарите и медиумските работници во Куманово разговараше за продлабочените проблеми што го загрозуваат опстанокот на локалните медиуми и ги оддалечуваат професионалците од новинарството. Како можни решенија беа разгледани предлогот за делумно ослободување од придонеси за медиумските работници и можностите за унапредување на нивните права преку колективно договарање.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во нова средба со колегите од кумановскиот регион дебатираше на тема подобрување на условите за работа, за елементарното преживување на локалните медиуми, но и односот на градската управа кон новинарите и медиумските работници.

Сите проблеми констатирани од поодамна не само што не се решаваат, туку истите се продлабочуваат и се закануваат да ги уништат кумановските гласила со забелешка дека голем број од извршителите веќе не се во дејноста, а и бројот на медиуми се намалува.

ССНМ на новинарите и медиумските работници им го предочи новиот предлог кој веќе е во драфт верзија за делумно ослободување од придонеси за медиумските работници што во голема мера може да ги поправи состојбите и да ги “спаси“ состојбите. Секако на состанокот се говореше и на модалитетите на примена на овој предлог, и колку тој ќе им помогне на тие што се извор на суштински вести од локалните средини со заклучок дека проектот е добар и на него треба да се инсистира.

Претставниците на ССНМ на новинарите и медиумските работници кои беа дел од средбата во Куманово им ја претстави и кампањата со која ќе се бара од медиумите да станат потписници на Колективни договори кои би ги регулирале правата на вработените во овој сектор, но иако начелно постои интерес и расположение беше сумирано дека тоа нема да наиде на поддршка што се должи на ситуацијата на “човек-медиум“, на дописници без никакви договори со своите медиуми, но и на намалениот број на новинари, камермани, фоторепортери во регионот кои се почесто си заминуваат од професијата со цел обезбедување на финансиска сигурност и стабилност.

Оваа средба се одржа во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на новинарите за одбрана на нивните права“ поддржан од European Endowment for Democracy.

Останати
објави