ССНМ во Макфакс и А1он: Новинарските стандарди важен предуслов за довербата во медиумите 

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги посети редакциите на Макфакс и А1ОН, каде одржа средба со раководството на овие медиуми, како и со новинарите и медиумските работници. На средбата се водеше долга дискусија за дигиталните платформи кои не се регулирани со закон и авторските права на интернет медиумите кои често се кршат.

Потенцирано беше и значењето на почитување на професионалните новинарски стандарди, кодексот на новинари, работничките права, како и економската и социјалната сигурност на новинарите како предуслов за професионално и објективно известување.

На средбата беше разговарано и за еден од најголемите предизвици со кои се борат професионалните дигиталните медиуми – напливот на лажни/пара медиумите и лажните вести, како и нивното негативно влијание врз довербата во медиумите.

По средбата новинарите и медиумските работници потпишаа пристапници за членство во ССНМ по што ќе биде формирана и синдикална група.

Проект „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт, поддржан од Европската Унија.

Останати
објави

Сподели на...