ССНМ за прв пат меѓу колегите новинари и медиумски работници од Кавадарци

Датум

Во обидот Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници да ги зацврсти капацитетите во помалите средини, но во градови со голема регионална важност, па и со традиција во издаваштвото, публикациите, радио и ТВ програмите, а од поново време и кај онлајн медиумите, претставници на ССНМ придружувани од Институтот РЕСИС беа на средба со колегите од Кавадарци.

На состанокот на кој присуствуваа десетина новинари и медиумски работници се говореше за сѐ потешката ситуација во која се наоѓаат луѓето ангажирани во нив и особено во сегментот влијание врз нивната работа од страна на тие што финансиски помагаат и се рекламираат.

На средбата стана збор и за условите за работа на дописниците, но и за други идеи за решавање на проблемите во медиумската сфера, потребата од вмрежување и стратегиско дејствување на фелата.

Партнерот на ССНМ, Институтот РЕСИС на собирот ги образложи заедничките активности и цели во рамките на проектот поддржан од Европската Унија, „Работнички права за независно новинарство“ кој ќе биде од полза за сите ангажирани во македонските медиуми.

Останати
објави

Сподели на...