• ++389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

ССНМ: Институциите итно да реагираат и по заканите кон Коровешовска

ССНМ повторно денеска ги повикува институциите да реагираат на заканите кои Емил Јакимовски ги упатува до новинарите. По закани кон новинарката на „А1он“ Мери Јордановска, тој вчера испратил и закани по безбедноста кон Искра Коровешовска, уредник во „ТВ Алфа“. Претходно Јакимовски на својот фб профил објави и недолична содржина за Коровешовска со цел да ја дискредитира, користејќи недолични…

Повеќе

ССНМ бара итна истрага за заканите кон новинарката Мери Јордановска

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикува полицијата и Обвинителството да ги испитаат наводите на новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска дека преку интернет ѝ се заканувал државен службеник вработен на Централниот регистар. Ако се потврдат наводите на Јордановска бараме промптно и соодветно да се санкционира службеникот и го повикуваме менаџментот на…

Повеќе

Попуст од 20 проценти во Кафе Драма во Велес

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници потпиша меморандум за соработка со Кафе Драма во Велес со кој на членовите на ССНМ се овозможува попуст од 20 проценти попуст при користење на угостителските услуги на кафетеријата. Попустот се добива со приложување на валидна членска картичка на ССНМ пред извршувањето на трансакцијата.   Локација: Благој Ѓорев 89/9 1400 Велес…

Повеќе

Работна средба на ССНМ со новинарите и медиумските работници од Велес

  Состојбата со локалните медиуми во Велес е загрижувачка и потребни се низа мерки за нејзино подобрување со цел граѓаните на општината, но и на регионот да не останат без ревантни, објективни и професионално изработени информации од локален карактер. Ова е заклучокот од работната средба што претставници на ССНМ ја имаа со дел од новинарите и медиумските работници во Велес.

Повеќе

ССНМ и битолските новинари на средба со градоначалничката Петровска

Претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на 9 јануари (четврток) заедно со новинари и медиумски работници од Битола се сретнаа со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. На средбата се зборуваше за можностите за подобрување на комуникацијата помеѓу општината и медиумите, можностите за олеснување на работата на новинарите, како и за состојбата во локалните медиуми. ССНМ…

Повеќе

ССНМ остро ги осудува заканите кон екипата на ИРЛ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро ги осудува заканите кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија испратени во последните неколку дена. Според пријавата до ССНМ, заканите биле упатени кон новинарката на ИРЛ, Маја Јовановска веднаш по објавувањето на сторијата во која се истражувани постапките при градежните активности во населбата „Тафталиџе“ во Скопје. Јовановска на својот телефон добила низа…

Повеќе

Слободата на изразување во светот е на најниско ниво во последните 10 години

ИСТРАЖУВАЊЕ НА АРТИКЛ 19 Според најновото истражување на британската невладина организација Артикл 19 (именувана според еден од членовите на Универзалната декларација за човекови права), слободата на изразување мерена глобално го достигнала најниското ниво во последните 10 години, пишува Метју Инграм за Колумбија Џоурналисм Ривју. Овој пад според истражувањето се должи на „дигиталниот авторитаризам“ и заканите кон новинарите.

Повеќе

Совети за слободните истражувачки новинари

Сте потрошиле свои пари за да подготвите истражувачка приказна за која имате скромен договор. Ова е моментот – можеби единствениот момент – кога имате можност да остварите вистинска нето добивка и да соберете пари за следната финансиска криза. Слободните истражувачки новинари треба да имаат навика да бараат повеќе можности за продажба за секое истражување, доколку сакаат да напредуваат или дури…

Повеќе

Попуст од 20 проценти во Ресторан Дион

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници потпиша меморандум за соработка со Ресторан Дион со кој на членовите на ССНМ се овозможува попуст од 20 проценти попуст при користење на угостителските услуги на ресторанот. Попустот се добива со приложување на валидна членска картичка на ССНМ пред извршувањето на трансакцијата.

Повеќе

Повик за почитување на слободата на печатот и новинарската независност во Европа

На конференцијата што беше организира во Париз на 6 декември, Асоцијацијата на европски новинари (АЕЈ) ги здружи силите со други организации кои ја бранат слободата на печатот, за да ги повикаат европските институции и влади да усвојат ефективни мерки за заштита на Четвртата власт поради демократијата. Забележуваме дека, додека европските новинари генералн уживаат привилегирана состојба во споредба со многу…

Повеќе
Scroll Up