Усвоен протоколот за одржување настани со медиумски присуство во услови на пандемија

По неколкунеделни консултации помеѓу Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Здружението на новинари на Македонија и одделот за односи со јавност во македонската влада усвоен е Протоколот за одржување настани со медиумско присуство во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот. Протоколот е усогласен со Комисијата за заразни болести и важи за сите настани со медиумско присуство без разлика…

Повеќе

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Министерот Филипче: нема забрана за снимање, новинарите треба да продолжат непречено со својата работа

Инцидентите со спречувањето на новинарите во кругот на „8-ми Септември“ се истражуваат, а одлука за забрана на работата на новинарски екипи во кругот на јавни здравствени институции не постои. Денеска на барање на Министерот за здравство Венко Филипче, се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и…

Повеќе

Домот како редакција

Пишува: Зоран Маџоски Пандемијата го наруши работното секојдневие на новинарите и медиумските работници и ги соочи со нови предизвици. Прес конференции кои се прават онлајн, испраќање на видео, аудиоматеријали од дома, беа и сè некои од мерките за заштита од корона вирусот во Македонија. Речиси сите медиуми и новинарски куќи презедоа мерки за претпазливост и ја реорганизираа работата. Воведоа…

Повеќе

Здравствените власти да не ја попречуваат работата на новинарите

Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) реагираат на попречувањето на работата на новинарските екипи кое се случува во кругот на Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. Според повеќе пријави од колеги кои пристигнаа до канцелариите на ЗНМ и новинарскиот синдикат, за време на викендот и денеска на новинарите и снимателите…

Повеќе

Ќе остане ли македонската „седма сила“ без наследници?

  Милена Атанасоска Манасиева Теодора Цветковска Намалениот интерес за студирање новинарство, ниските плати во медиумската сфера, изгубената верба кај младите дека новинарството е почитувана професија, како и општата слика дека голем дел од медиумите повеќе им слугуваат на центрите на моќ отколку на јавниот интерес, со право не доведува до ситуација да се запрашаме дали македонската новинарска фела…

Повеќе

ССНМ, ЗНМ и СЕММ: МВР и ОЈО да го санкционираат говорот на омраза кон новинари

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) најостро го осудува говорот на омраза на кој бевме сведоци изминативе неколку дена против повеќе новинари и една невладина организација и ги повикува надлежните органи и институции, пред се МВР и ЈО веднаш да реагираат, за да се…

Повеќе

СЕММ, ЗНМ, ССНМ и МИМ: осуда за говорот на омраза на социјалните мрежи по објавениот текст на „Лидер“  

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) го осудуваат говорот на омраза против тимот на невладината организација „Метаморфозис“ што интензивно се шири на социјалните мрежи по објавувањето на текст во порталот „Лидер“ со наслов „(ФОТО) ова…

Повеќе

Медиумите – брана за пиарoт и филтер за скриеното рекламирање

Васко Маглешов Александар Димитриевски Зборот сиромашен не е доволен, но е последниот во скалата пристојни изрази со кои може да се опише економската состојба на просечниот македонски медиум, па и медиумскиот пазар во целост. Епитетот неретко може да се употреби и за квалитетот на информативните програми, но не и пред да се земе во предвид квантитетот. Вестите…

Повеќе

Медиумите кои немаат онлајн претплата треба веднаш да воведат

НОВА СТУДИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА ИЗДАВАЧИТЕ Технолошката платформа Зуора е во бизнисот со продавање софтвер за онлајн плаќање и тоа за низа индустрии како што се телекомуникациите или производството, не само издаваштвото. Исто така, компанијата прави годишен извештај со податоци извлечени од нивната база на клиенти која брои околу 1.000. Изданието за 2020 година, објавено неодамна, има мешавина…

Повеќе

Објавувајте помалку, но објавувајте подобро

ИЗВЕШТАЈ НА ИНСТИТУТОТ РОЈТЕРС ЗА ЛОКАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ВЕСНИЦИ Овој извештај истражува како локалните и регионалните весници во Европа ги прилагодија нивните уредувачки и бизнис стратегии за да останат одржливи во услови на дигитализација на медиумите. Иако овие традиционални медиуми продолжуваат најголем дел од приходите да ги добиаат од печатените изданија, тие сепак, ја препознаваат потребата да инвестираат…

Повеќе