Соработка со автошкола „Брм Брм Л“ – можност за плаќање и до 24 рати за возачка дозвола

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) потпиша договор за соработка со автошкола „Брм Брм Л.

Договорената соработка е на неопределено време, а членовите на ССНМ со приложување на валидна членска картичка добиваат квалитетна обука по бенефицирани услови.

Членовите на ССНМ ќе можат до возачка дозвола со Б категорија или полагање било која друга категорија во автошколата „Брм Брм Л„ преку:

  • Плаќање на три рати (лично на рака) или на 12/24 рати преку Капитал Банка по избор на кандидатот.
  • Бесплатно користење на возилото за полагање на полигон на кандидатите плус гратис час во времетраење од 40 минути пред самото полагање на полигон.
  • бесплатно учење на тестовите за полагање во просториите на автошколата.
  • појдовната локација за дневните часови за градско возење е во договор меѓу инструкторот и кандидатот, во зависност од местото на живеење на кандидатот.

Останати
објави

Сподели на...