Бесплатен паркинг на Паркинзи општина Центар

Датум

Синдикатот на новинари и медиумски работници има потпишано договор со Паркинзи општина Центар според кој членовите на ССНМ имаат бенефиција за бесплатен паркинг до 2 часа на отворените паркинзи во општина Центар. Заинтересираните членови потребно е да побараат од ССНМ потврда за членство и со членската картичка да отидат во просториите на ПОЦ каде ќе им биде издадена новинарска паркинг картичка. Новинарот/медиумскиот работник потоа ќе склучи договор во кој детално ќе бидат определени правата и обврските на корисникот и на ПОЦ. Повеќе информации можете да добиете во канцеларијата на ССНМ или на мејл: ssnm.info@gmail.com.

 

Останати
објави

Сподели на...