Капитал банка со бескаматен кредит за членовите на ССНМ до 150.000 денари

Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) обезбеди можност за членовите да користат бескаматен кредит во износ до 150.000 денари преку Капитал Банка АД Скопје.

Минималниот износ за кој може да се аплицира е 20.000 денари, а максималниот е 150.000 денари. Рокот на отплата е од 10 до 25 месеци, во зависност од бараната и одобрена сума. Кредитот е со номинална каматна стапка од 0 отсто, а банката ќе наплати еднократна провизија што варира, т.е., исто така, зависи од одобрена сума.

Кредитот се однесува за сите членови на ССНМ, без разлика дали се (не)приматели на плата преку Капитал банка и без разлика дали се вработени на (не)определно време. За обезбедување на кредот не е потребен жирант и солемнизација. При аплицирање, покрај важечка членска книшка од ССНМ, е потребно да се приложи и документ за идентификација, заверена потврда за редовен работен однос и административна забрана.

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn