Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) потпиша Меморандум за соработка со Лубрика Оил ДООЕЛ Скопје. Договорената соработка е на неопределено време, а членовите на ССНМ ќе можат во готово да купат дел од производите што Лубрика Оил ги нуди на пазарот по привилегирани цени со приложување на важечка членска картичка во некој од нејзините продажни салони.
Лубрика Оил се обврза на попуст од 25 отсто на накит Фабос со Сваровски кристали, кој е рачно изработен во Јаблонец, Чешка. Се одликува со одличен европски квалитет и пристапни цени.
Меѓу бенефициите што членовите на ССНМ може да ги користат во Лубрика Оил се и часовници Daniel Klein, нов бренд кој од ден во ден сè повеќе расте благодарение на квалитетот што го поседува и дизајнот што го нуди за цената на чинење.
Членовите на ССНМ во продажните салони на Лубрика Оил може да се снабдат и со Economic парфеми со 10 отсто пониска цена од редовната продажна. Станува збор за парфеми кои се докажани со својот квалитет и цена и изработени од висококвалитетни француски бази со процент на концентрат од 20 отсто (EDP). Изборот е голем за што укажуваат и 200-те модели што ги има на лагер.
Продажните салони на Лубрика Оил може да ги најдете во ТЦ „Бисер“, ТЦ „Лептокарија“ и ТЦ „Буњаковец“.