Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници по кратка пуза го
обнови договорот и потпиша меморандум за соработка со Спортскиот Центар Борис
Трајковски според кој, активните членови на ССНМ може да користат услуги на
Фитнес Центарот, Пинг понг Центарот и Кугланата, а ќе имаат бенефиција и при
користење на Базенот Карпош.
– Бесплатно користење на Фитнес Центарот од понеделник до петок во термините
07,00 до 10,00 часот.
– Бесплатно користење на Пинг-понг Центарот во однапред најавени термини од
страна на корисниците.
– Бесплатно користење на Кугланата во однапред закажани термини од страна на
корисниците.
– Поволност во форма на попуст од 15 проценти при добивање на месечен билет
во Базенот Карпош за термините од 07:00 часот до 16:00 часот и од 21:00 часот
до 23:00 часот во работните денови, и од 07:30 часот до 23:00 часот во сабота и
од 07:00 часот до 15:00 часот во недела.
Редовните членови на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници
за да ги користат услугите на Спортскиот Центар Борис Трајковски мора да достават
лична карта и заверена членска легитимација на ССНМ.