Опремете и декорирајте го домот во продавниците на MOSS со 10 отсто попуст

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) потпиша Меморандум за соработка со MOSS. Договорот за соработка е со важност на неопределено време, а членовите на ССНМ со приложување на важечка членска картичка во продавниците на MOSS добиваат 10 отсто попуст пониски цени од редовните.

Во MOSS членовите на ССНМ може да најдат производи за кујна, бања, дневен престој, градина, декоративни производи од секаков вид за секаков вкус и друг сезонски асортиман, како што се новогодишните украси. Во MOSS се продаваат артикли кои се од декоративен и организационен карактер, за опремување на домот на практичен и квалитетен начин.

Продавниците на MOSS ќе ги најдете на он-лајн платформата moss.mk, но и во продажните салони:

MOSS 1: Бул. Крсте Мисирков 9А, до Т.Ц. Мавровка, Скопје
MOSS 2: Бул. Никола Карев, пластичарска улица, Скопје.

Брендовите кои се продаваат во просториите на MOSS се од Gensini (Италија), Colombo (Италија), York (Полска), Coronet (Австрија), Pasabahce (Турција), LAV, (Турција), Kosova (Турција), Bambum(Турција), Tulu Porselen (Турција), Hausberg (Германија), Inart (Грција), Curver (Холандија), Msv (Франција), Schafer (Германија), Metaltex (Италија), Plastmecanica (Италија), Pyrex (Франција), Metalac (Србија), Emo (Словенија), Luminarc (Франција), Bormioli Rocco (Шпанија), Severin (Германија), Bauer (Германија), Eminem (Турција), Sterk plast (Романија), International cookware (Франција), меѓу другите и Devilla home textiles (Португалија).

Останати
објави

Сподели на...