Оптика ММ со попуст од 10 до 30 отсто за членовите на ССНМ

Датум

Оптика ММ е најновиот член во семејството на партнери на Самостојниот Синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Договорот за соработка е со важност за наредните четири години преку кој членовите на Синдикатот ќе може да ги користат услугите на Оптима ММ и да купуваат производи од реномирани светски брендови за 10 до 30 отсто пониски цени од редовните.

Членовите на ССНМ ќе може да ги користат бенефициите од Оптима ММ со приложување на валидна членска картичка на самото продажно место.

Офталмолошки преглед со попуст од 10 отсто, бенефиција што ќе важи и за купување контактни леќи, додека попустот при купување на стакла за корекција на видот ќе изнесува 20 отсто.

Членовите на Синдикатот ќе може да се подноват и со парче очила за сонце од реномираните светски брендови како Ray Ban, Emporio Armani, Armani Exchange, Ralph Lauren, Guess, Vogue, Swarovski, Dolce and Gabbana, Gucci, Versace, Max&Co, Carrera, Polaroid, Police и Arnett со попуст од 25 отсто.

Оптика ММ, исто така, обезбеди попуст на очила за сонце од марките Lacoste, Liu Jo, Chantal Thomass, Zilli, Loris Azzaro, Azarro, William Moris London, Daniel Duff, Fratelli Rosseti и Diesel со попуст од 30 отсто, како и попуст на очила за сонце со диоптрија од дел од горенаведените брендови со попуст од 20 отсто.

Останати
објави

Сподели на...