Со ТА Бест Травел членовите на ССНМ со попуст во Ксамил

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници постигна договор со Туристичката агенција Бест Травел од Скопје за бенефиција при летување на Јонскиот брег од Албанија. Популарната дестинација Ксамил за членовите на ССНМ ќе биде достапна со 10 односно 15 проценти попуст (во зависност од аранжманот) за плаќање во готово.

Во случај на интерес за одмор во Ксамил активните членови на  Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници при посетата на Бест Травел ќе треба да ја покажат членската книшка од ССНМ и со тоа ќе бидат корисници на попустот кој според потпишаниот меморандум за соработка се однесува на сезоната 2023 година.

Во прилог ви ги доставуваме рекламните материјали за објектот (вила Бест) за сместување и ценовникот за целата сезона.

За повеќе информации:

ТА Бест Травел

Aдреса : Битпазарска, Стара Чаршија 38

Место: Скопје

Teлефон:  +389 2 3133378

                  +389 71 221068

Останати
објави