Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Драмскиот театар во Скопје започнуваат соработка со која членовите на ССНМ ќе можат бесплатно да ги посетуваат претставите на реномираната културна установа.
Првата можност е претставата „Така зборуваше Гертруда“ од авторот Миа Николовска и во режија на Ангелчо Илиевски, и станува збор за термините 27, 28 и 29 октомври (20:00 часот)
Заради ограничениот број на билети за ССНМ ве молиме навремено да се пријавите на меилот на Синдикатот ssnm.info@gmail.com и да добиете потврда, а критериум освен активното членство ќе биде и принципот “прво пријавените имаат предност, до пополнување на бројката“.