ССНМ, ЗНМ и Бреинстер потпишаа меморандум за соработка

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари (ЗНМ) и Бреинстер реализираа средба на која беше потпишан меморандум за соработка кој на активните членови на Здружението и Синдикатот ќе им овозможи надградба на образованието и унапредување на нивните вештини.

„Со овој меморандум новинарите стануваат конкурентни на медиумскиот пазар со тоа што ќе учат нови вештини кои се барани и актуелни, односно на овој начин колегите ќе бидат во тек со дигиталните трендови во онлајн медиумите. “ изјави Павле Беловски претседател на ССНМ ,

„Преку оваа соработка се олеснува пристапот до квалитетно неформално образование за новинарите и медиумските работници кои што сакаат бидат во тек со нови алатки потребни за работа во дигиталните медиуми, кои пак ќе донесат олеснување при работата. Тука влегуваат обуки за подобро снаоѓање во дигиталниот простор како и нови знаења за графички дизајн.“ потенцираше Драган Секуловски извршен директор на ЗНМ.

На средбата маркетинг директорот на Бреинстер, Стефан Смиљаноски рече: „Една од нашите главни цели како организација е да ги подготвиме индивидуалците за кариерите на 21 век, преку современи и иновативни образовни програми насочени кон развој на дигиталните вештини. Драго ни е што овојпат, ќе помогнеме на професионалци коишто се клучни за развојот на секое демократско општество. Важно е и медиумските работници што подобро да фатат чекор со вештините на новото време, меѓу кои и дигиталните, бидејќи истите ќе им помогнат да ги развијат своите медиуми и да станат поконкурентни на пазарот на труд“.

Активните членови на ССНМ и ЗНМ ќе можат да ги искористат бенефициите од склучениот меморандум за соработка со едукативниот центар Бреинстер, односно по повластени услови да се запишат на дел од образовните програми што ги нуди оваа едукативно-технолошка организација.

Повеќе информации во врска со соработката, заинтересираните колеги можат да добијат на телефонскиот број 070 351 084 и на contact@brainster.co.

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn