Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) потпиша меморандум за соработка со Халк осигиурување АД Скопје. Договорот за соработка е со важност за наредните четири години преку кој членовите на Синдикатот ќе може да ги користат дел од услугите на Халк осигурување за 10 до 20 отсто пониски цени од
редовните.
Дваесет отсто попуст на доброволно приватно здравствено осигурување, пакет по избор и 20 отсто попуст на доброволно семејно приватно здравствено осигурување, пакет по избор.
Членовите на ССНМ ќе имаат и 20 отсто попуст за домаќинско осигурување. Халк осигурување, исто така, обезбеди 10 отсто попуст на каско осигурување за моторно возило.
Членовите на ССНМ ќе може да ги користат бенефициите од Халк осигурување со приложување на валидна членска картичка на самото продажно место.
Повеќе детали на официјалната страница на Халк осигурување.