Членовите на ССНМ со поволности при осигурување во Кроација Осигурување

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на барање на своите членови потпиша меморандум за соработка со Кроација осигурување кој ќе биде со важност во следните две години и кој ќе обезбеди низа поволности за новинарите и медиумските работници.

Според договорот Кроација осигурување се обврзува на членовите на ССНМ кои имаат активни книшки за членство да им овозможи:

-Ваучер во вредност од 2000 денари за секоја склучена полиса за мешано и детско животно осигурување со времетраење од 10 години и повеќе, кој може да се искористи на премија за дополнителни осигурувања

– 5 % попуст за автокаско осигурување

– 30 % за ДОМ осигурување

-Можност за плаќање на 12 месечни рати со минимална рата 500 денари

Повеќе детали за целосната понуда на официјалната страница на Кроација осигурување: https://web.crosig.mk/.

Останати
објави

Сподели на...