10% попуст за курс за комуникација на англиски јазик со НЛП техники

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници постигна договор за соработка со Speak English With NLP кој предвидува попуст од 10 проценти при запишување на нивниот уникатен курс за комуникација и развој на говорните вештини на англиски јазик со помош на НЛП (неуро-лингвистичко програмирање) техники. Ова е единствена понуда која комбинира учење на англиски јазик и личен развој!

Курсот за комуникација на англиски јазик со НЛП техники е специјално дизајниран за возрасни кои имаат интерес да ги развијат своите вештини на зборување на англиски јазик преку еден несекојдневен и интересен пристап, и истиот обезбедува релевантна и практична содржина применлива во работната средина и секојдневните животни активности. Со врвни и искусни професори, овој курс ќе ви помогне да ги подобрите вашите комуникациски вештини и да го достигнете вашиот целосен потенцијал со помош на примена на НЛП техниките.

Целиот тим на Speak English With NLP е специјализиран и обучен за работа со возрасни и професионалци. Наставата се одвива онлајн, и е целосно приспособена за потребите и интересите на учесниците. Покрај курсот за комуникација на англиски јазик, нудат и други курсеви по англиски јазик специјално дизајнирани за потребите на клиентите како English for Journalism.

Информирајте се подетално за понудата на нивниот Instagram профил @speakenglish_withnlp, контактирајте ги на електронската пошта speakenglishwithnlp@gmail.com или, пак, на телефонскиот број 070/672-915.

Придружете им се и трансформирајте ги вашите комуникациски вештини по англиски јазик денес!

Останати
објави

Сподели на...