Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и женската медиумска мрежа „Еднаква“ договорија соработка со ПЗУ д-р Александар Блажевски со која членките на ССНМ под мотото „Женското здравје не е споредна вест“ имаат можност за бесплатни гинеколошки прегледи.
Според договорот акцијата ќе се одвива во текот на целиот месец октомври 2025 година и предвидува основни прегледи (ултразвучен преглед, вагинален или абдоминален) на колешките кои со потврда на членството во ССНМ (со презентација на валидна книшка со печат) ќе можат да се најават за преглед. Договорот за термин ќе се прави со самата ординација (072/274-597).
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ве информира и дека по истекот на месец октомври 2025 година соработката меѓу ССНМ и „Еднаква“, од една страна и гинеколошката ординација ПЗУ д-р Александар Блажевски, од друга страна продолжува (до октомври 2026 година) со забелешка дека условите за преглед предвидуваат попуст од 20 проценти.


