Бесплатно користење на услугите на А1 Арена Спортски Центар Борис Трајковски

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници потпиша меморандум за соработка со Спортскиот Центар Борис Трајковски според кој членовите на ССНМ бесплатно може да ги користат услугите на А1 Фитнес Центарот, А1 Пинг понг Центарот, А1 Пливачкиот базен и А1 Кугланата и тоа:

  • А1 Фитнес Центарот од понеделник до петок во термините 07,00 до 10,00 часот,
  • А1 Пинг-понг Центарот во однапред закажани/најавени термини од страна на корисниците,
  • А1 Пливачкиот базен од понеделник до петок во термините 21,30 до 23,00 часот,
  • А1 Кугланата во однапред закажани/најавени термини од страна на корисниците.

Редовните членови на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници за да го потврдат својот идентитет и членство во ССНМ потребно е да достават лична карта и заверена членска карта во А1 Арена Спортскиот Центар Борис Трајковски.

Локација: Булевар 8-ми Септември бр. 13
                1000 Скопје