Членовите на ССНМ и нивните семејства со голем попуст при запишување на АУЕ-ФОН

Датум

Претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и на АУЕ Универзитетот ФОН, денеска (21.09.2023, четврток) потпишаа меморандум за соработка со кој на членовите на ССНМ ќе им биде овозможено да студираат под далеку поповолни услови.

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски и директорот на АУЕ ФОН, Сефер Цановски се договорија за соработка која предвидува студирање на членовите на ССНМ и нивните потесни семејства, и тоа ќе се применува од академската 2023/4 годинa.

Сите заинтересирани што ќе покажат интерес за студирање на ФОН за комуникација можат да ги контактираат канцелариите на ССНМ и на Универзитетот.

Останати
објави

Сподели на...