До 25% попуст во книжарниците на издавачката куќа Култура

Датум

Во книжарниците Култура, членовите на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници добиваат 25% попуст на книгите во издание на издавачката куќа Култура и 10% попуст на книгите во издание на други издавачки куќи

Формирана е во далечната 1945 година и денес со гордост може да се каже дека издавачката куќа Култура претставува бренд во издаваштвото во Македонија. Опстојува долги години во издавачка дејност, почнувајќи од своите скромни почетоци кон средината од минатиот век, па сè до влезот во новиот милениум, Култура објавувала и објавува книги од сите видови жанрови. Затоа, денес, Култура продолжува да чекори по добропрепознатливата насока во издаваштвото, трудејќи се да остане што е можно повеќе во чекор со современите трендови во светското издаваштво, да ги следи актуелностите во издавачката индустријата, и да излезе во пресрет на потребите на современите читатели. Години наназад со изданијата на Култура се оформиле и просветлиле безброј генерации – па затоа Ви препорачуваме истото да го направите и Вие.

Култура ја има и најрепрезентативната книжарница во Македонија, која се наоѓа во центарот на сите збиднувања, во Скопје на плоштадот Македонија во Ристиќевата палата, каде секој љубител на пишаниот збор е топло добредојден да ја посети и почувствува пријатната атмосфера која владее таму, како и топлината која произлегува од секоја полица или книга, нескромно наметнувајќи се на нејзините верни читатели. Посетете ја книжарницата и влезете во светот на книгите!

КНИЖАРНИЦИ КУЛТУРА

Најпознатата книжарница Култура се наоѓа во срцето на градот Скопје, лоцирана е во Ристиќева палата на плоштад Македонија, на улица „Македонија“ бр. 33. Книжарницата Култура е првата книжарница во повоена Македонија, по основањето на книгоиздателството Култура во 1945 година. Според архивските записи, со кои располага издавачката куќа Култура, книжарницата е во сопственост на Култура од 1958 година и вистински куриозитет е што книжарницата останува на истата локација и со истата дејност повеќе од половина век. Генерациите на книжари, уредници, директори кои работниот век го посветиле на Култура, читателите и собирот на сите книгољупци и денес се главните „виновници“ за опстојувањето на најстарата книжарница.

Втората книжарница во Скопје се наоѓа исто така во Центар, позади Собранието, на улица „Даме Груев“ бр. 3, градски ѕид, до продажниот салон на „Леснина“, спроти Државниот завод за статистика.

Покрај изданијата на Култура во книжарницата Култура може да најдете четива за сечиј вкус, дел од стручна литература, историски и фактографски изданија, белетристика и литература за деца.

ДО 25% ПОПУСТ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) потпиша меморандум за соработка со издавачката куќа Култура со кој на активните членови на ССНМ им се овозможува 25% попуст на книгите во издание на издавачката куќа Култура и 10% попуст на книгите во издание на други издавачки куќи. Оваа бенефиција можете да ја искористите во која било од книжарниците Култура во Скопје, со приложување на Вашата членска книшка од ССНМ.

За повеќе информации за изданијата на Култура посетете го веб-сајтот на издавачката куќа kultura.com.mk и заследете ги на социјалните мрежи за да останете во тек со новините.

Останати
објави

Сподели на...