Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници потпиша меморандум за соработка со ПРО-ИНС што ќе им овозможи на членовите на ССНМ да добијат услуги од осигурителната компанија по пониски цени.
Станува збор за лепеза на услуги со попусти од 14 до 20 проценти. ПРО-ИНС во соработка со ЕВРОИНС нуди можност за плаќање на 9 рати или попуст за плаќање во готово. Понудата се однесува на:
- за имотно-домаќинско осигурување, пожар и поплава, патничко здравствено осигурување (20%)
- еврокаско, единствено осигурување во Македонија каде не е важно кој е виновен (14%)
- помош на пат (14%)
- каско осигурување на моторни возила (14%)
- и уште многу други осигурувања…
ПРО-ИНС има четири канцеларии во Скопје, и во другите поголеми градови ширум Македонија (Битола, Богданци, Валандово, Велес, Виница, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Куманово, Крива Паланка, Неготино, Охрид, Прилеп, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово, Штип), кои ви се достапни секој работен ден. За повеќе детали посетете го нивниот сајт на интернет-адресата proins.mk или контактирајте го застапникот Владимир Живковски на електронската пошта v.zivkovski@proins.mk или, пак, на телефонскиот број 075/366-977.