Меѓународна прес-карта

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), како член на Меѓународната федерација на новинари, врши издавање на меѓународни прес-карти на своите членови.

Станува збор за документ што најголемиот број земји во светот, како и телата на меѓународните организации (вклучително органите на Обединетите Нации, на Европската Унија и на НАТО) го препознаваат повеќе од седум децении како релевантна новинарска легитимација. Таа подразбира и бројни попусти за транспорт, пристап до музеи, театри, изложби и други културни настани и институции. Прес-картата има важност од две години.

За да станете носител на оваа прес-карта треба да уплатите 1.200 денари преку нашиот веб-сајт или преку електронско банкарство или во банка на нашата трансакциска сметка 210 066 586 600 189 (НЛБ Банка) со назнака за меѓународна прес-картичка, како и да испратите ваша фотографија на ssnm.info@gmail.com. Повеќе информации можете да добиете во канцеларијата на синдикатот или на нашата е-пошта.

Останати
објави

Сподели на...