Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, како член на Меѓународната федерација на новинарите (IFЈ) започна со издавање на прес легитимации на своите членови.
Станува збор за документ што најголемиот број земји во светот, како и телата на меѓународните организации (вклучувајќи ги тука органите на Обединетите Нации, на Европската Унија и на НАТО) ја препознаваат повеќе од шест децении како релевантна новинарска легитимација. Таа подразбира и бројни попусти за транспорт, пристап до музеи,театри, изложби и други културни настани и инситуции. Прес легитимацијата има важност од две години. Бројот на картичките е ограничен и тие се доделуваат според принципот – прв пријавен прв послужен. За да станете носител на оваа картичка треба да уплатите 1.200 денари преку системот на ССНМ за онлајн плаќање или во банка на сметката 210 066 586 600 189 (НЛБ Банка) со назнака за меѓународна прес-легитимација, како и да испратите фотографија на ssnm.info@gmail.com. Повеќе информации можете да добиете во канцеларијата на Синдикатот или на мејл ssnm.info@gmail.com.