Попуст на гуми, акумулатори и полнење на авто-клими за членовите на ССНМ во „Транзит“

Датум

ТРАНЗИТ ДООЕЛ e една од првите фирми во Македонија која се занимава со увоз на гуми и продажба на големо и мало на територијата на Македонија. Во својот овластен Vulco сервис во Скопје вршиме професионална монтажа и балансирање на гумите, поправки, исправање на бандажи, центрирање, дијагностика и поправка на предница, продажба и монтажа на акумулатори, редовен сервис (масло и филтри) и полнење на авто-клими.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници договори соработка со „Транзит“ за попуст на пневматици, акумулатори и полнење на авто-клими за своите членови.

„Транзит“ со години гради имиџ и станува препознатлив по широката палета на производи и услуги што вклучува монтажа, балансирање, центрирање, но и дијагностика и поправка на предница. Се занимава и со продажба на акумулатори, редовен сервис и полнење на авто-клими.

Висината на попустот ќе зависи од производот и услугата, а членовите на ССНМ ќе можат да се информираат со посетување на следниот линк: Специјални цени на услуги.

„Транзит“ е лоциран во Скопје (ул. „Перо Наков“ бр. 1) и во Богданци (ул. „Изворски“ бр. 1).

Останати
објави

Сподели на...