АКЦИЈА: КУПИ ЕДНА, ЗЕМИ ДВЕ КНИГИ! ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ СКРОЛАЈ НАДОЛУ.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници има потпишано меморандум за соработка со книгоиздавачката куќа „Или-Или“ со кој на членовите на ССНМ им се овозможува попуст од 20 проценти за сите книги во издание на ИЛИ-ИЛИ, како и 10 проценти попуст за книгите кои се на попуст. Попустот се добива со приложување на валидна членска карта на ССНМ пред извршувањето на трансакцијата.
Акција на ССНМ и ИЛИ-ИЛИ: Врати се на изворот и читај книга
Реномираната книгоиздавачка куќа „Или-Или“ во соработка со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на членовите на ССНМ им нуди несекојдневна и исклучително поволна можност „Купи една, земи две книги“ по повод 1 мај – Денот на трудот и 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите.
Новинарите и медиумските работници, членови на ССНМ овие поволности ќе може да ги користат од 22 април до 2 мај 2024 година со приложување на активна членска карта на ССНМ во книжарницата „Или-Или“.
Книгоиздавачката куќа „Или-Или“ се наоѓа на ул. „Васил Главинов“ бр. 3 (локал 15) во Скопје.