Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на барање на своите членови постигна договор за соработка со ЕУРО ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР-ЕУРОКИДС ДООЕЛ Скопје кој предвидува попуст од 25 проценти на запишување на курсеви за странски јазици. А понудата на достапни курсеви е навистина голема!
Школата за странски јазици ЕУРОКИДС во својот центар има врвни и искусни професори кои со ентузијазам, срдечност и другарство максимално ќе се залагаат вашите деца течно да говорат светски јазици.

Целиот тим на ЕУРОКИДС е специјализиран и обучен за работа со деца од претшколска и школска возраст. Наставата се одвива во современо опремена училница, целосно приспособена за потребите и интересите на децата. Покрај курсевите и креативните работилници, зимски и летни јазични кампови, школата за странски јазици ЕУРОКИДС нуди и подготовка за полагање на јазичните испити FICE, IELTS, CAE, TOEFL.
За децата од три до пет години е достапен курс за англиски за претшколска возраст, додека основците и средношколците во оваа школа можат да ги изучуваат англискиот, германскиот и францускиот јазик. За средношколците и возрасните, пак, во понудата има курсеви за англиски, германски, француски, ерменски, португалски, италијански, грчки, албански, шведски, шпански, турски и македонски како странски јазик.

Информирајте се подетално за понудата на EUROKIDS Language Factory на нивниот веб-сајт eurokids.mk.