Проекти на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ)

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници (ССНМ) во текот на своето неколку годишно постоење изработи повеќе проекти во функција на зајакнување на своите институционални капацитети, лобирање , едуцирање на своето членство и анализирање на актуелните состојби со работничките права на новинарите и медиумските работници. Како позначајни во последните години ги издвојуваме следните проекти:  LO-TCO е […]

Солидарност со дописниците!

Соочени со се потешката ситуација во која се наоѓаат нашите колеги, новинари, фоторепортери и сниматели кои работат како дописници за медиумските куќи во Македонија, најчесто како хонорарни соработници, ССНМ почнува акција за СОЛИДАРНОСТ СО ДОПИСНИЦИТЕ во период од 15- 21 септемви 2014. Ги повикуваме сите членови на медиумската заедница да земат учество и да покажат […]

Првомајски протест

  “Работниците не се робје”, “ Да го ослободиме штрајкот”,” Ден на отпор не на одмор”,”Новинари заедно за своите права”. Со овие транспаренти во рацете и со извици “Социјална правда” неколку стотини граѓани во Скопје со протест го обележаа 1 мај, меѓународниот ден на работниците. Протестот почна со собирот во Жена парк, од каде поворката […]

Работилница во Маврово

Дваесетина новинари и медиумски работници од повеќе редакции   од  11 до 13 април во Маврово дебатираа за акциониот план  што би требало да го реализира Самостојниот синдикат на новинари врз основа на  наодите на “Белата книга” . Публикацијата  која беше објавена во март нотира неколку клучни теми што се проблематични за новинарите како цензурата, автоцензурата, […]

Солидарност за слобода

Солидарноста е една од најважните, но воедно и најпотценетите човекови особини. Солидарноста е основна состојка на секое синдикално движење. Денес, кога новинарското достинство е погазено, кога новинарите се застрашуваат, се затвораат, добиваат физички закани, се бркаат од работа, стануваат социјални случаи, кога независните медиуми се угушуваат, новинарската солидарност е понеопходна од било кога. Знаејќи го […]

Кампања: Став не Страв

Со поддршка на Канцеларијата на претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ ССНМ доби можност да подготви едукативен и промотивен матерјал за информирање на медиумските професионалци за потребата од заштита на работничките права преку синдикално организирање. За таа цел се подготвени брошура, флаер и промотивен спот, а како дел од кампањата во текот на […]