МОБИНГ ВО РЕДАКЦИЈАТА

Паола Пастакалди  (Член на Одборот на новинари на Ломбардија) Како што знаеме, квалитетното новинарство е под силен напад од маркетиншката и рекламната индустрија. „Новинарите се преобразени во ‘металски работници’“, пишува Франко Абруцо – Претседател на Одборот на новинари на Ломбардија,  во неговиот предговор на збирката коментари . Метафората е силна. Но, тоа е вистината. Новинарите […]

Мапирање на состојбата на синдикалното здружување во локалните медиуми

Вероника Камчевска Истражувањето „Мапирање на состојбата на медиумите во Македонија“ е со цел да се даде почетен идикатор за начинот на кој новинарите и медиумските работници го перцепираат синдикалното здружување и условите во кои работат. Прибирањето на податоци се одвиваше преку анонимни анкети кои беа спроведени во Штип, Велес, Битола, Тетово и  Прилеп на репрезентативен […]

Ги знаеме нашите права и немаме страв

Македонските новинари (со исклучок на оние на високи уреднички позиции во националните медиуми), вработените и оние долгогодишни редовни соработници, кои имаат статус на хонорарци се соочуваат со сериозни финансиски проблеми и недостоинствен третман во медиумите. За остварување на работнички права не станува збор, експлоатацијата на поголем број работодавци не е ни малку различна од онаа […]

ЕУ со препораки за потпишување на Колективен договор

Во стратегијата на Генералниот директорат за прошитрување на ЕУ за поддршка на слободата на медиумите и интегритет на медиумите во земјите кандидати во перидот од 2014 до 2020 година наведени се конкретни активности кои треба да бидат преземени за исполнување на европските стандарди. Влошувањето на економската состојба ги стави медиумите во искушение да излезат надвор […]

Она што тука ќе го прочитате ќе ве шокира

Сензационализмот е спротивност на новинарството, затоа што една од основните задачи на новинарството (и на новинарот) е да ги штити интересите на јавноста, а тие најчесто не само што не се идентични со интересите на газдите туку се во дијаметрална спротивност. Го отвори телевизорот и не можеше да верува што виде… Сакаше да прочита весник […]

Приватните медиуми зависни, а јавните во служба на власта

Генералниот заклучок на „Фридом хаус“, кој се провлекува во нивните три последни извештаи (2015, 2014 и 2013) , е дека новинарите во Македонија имаат ниски плати, несигурна работа, лоши работни услови и трпат притисок од сопствениците, додека повеќето медиуми зависат од парите на Владата или на одредени бизнисмени.                […]

НОВИНАРСКИТЕ ПЛАТИ ВО ЗАКОНСКА РАМКА

  Над 40 професионалци од разни медиуми ги договорија и ги ставија на хартија предлозите за надминување на проблемите во работењето Работните права и обврски на македонските новинари и на другите вработени во медиумите, вклучувајќи го и менаџментот и хонорарците, првпат ќе бидат ставени во законска рамка. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, ССНМ, […]

Слободата и независноста на медиумите ќе станат реални категории

Дали по се’ што им се случи на медиумите и на новинарите во Македонија (затворањето на А1 телевизија, затворот за Томислав Кежаровски за напишан текст, претворањето на јавниот сервис МРТВ во пропагандистички медиум во служба на власта, откази и намалувања плати во повеќе приватни медиуми), стана појасно дека апстрактните поими како слобода и независност, можат […]

Жени новинари

Да се биде новинарка во Македонија богами не е наједноставната работа на светот. Исто како што не е наједноставната работа и на други места во светот. Едноставно, никогаш нема да сте доволно домаќинка, доволно мајка, доволно сопруга, доволно девојка, доволно ќерка и на крајот, никогаш нема да сте доволно новинарка. Во професијата ќе ви забележат […]