ССНМ: Напад врз новинар е напад врз слободата на изразување и напад врз демократијата

Најостро го осудуваме физичкиот напад врз новинарот Павле Беловски од ТВ Телма, кој без никаква причина беше жртва на физичко насилство пред седиштетото на МВР. Во овој случај сакаме да ја потсетиме јавноста дека станува збор за шести напад врз новинар на место на настан од 2015 година до сега. Ја поздравуваме брзата реакција на […]

Солидарност со колегите од Телма

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) целосно се солидаризира со колегите на кои им се заканува отпуштање во ТВ Телма и апелира до менаџментот да ја измени одлуката која ќе има негативни последици не само врз имиџот на телевизијата туку и врз севкупната состојба во медиумската индустрија во која токму Телма во овој […]

ССНМ го осудува сѐ почестото непријателство врз новинарите

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) го осудува сѐ почестото непријателство врз новинарите и ги повикува институциите да престанат немо да ги следат недвосмислените обиди да се гази по професионалното достоинство на нашите колеги. Скандалозно е некој да им забранува на новинарите да известуваат, како што ѝ се случи на колешката од […]

ПОВЕЛБА ЗА ПРАВАТА НА ХОНОРАРЦИТЕ

Преамбула Хонорарците се најранлива група работници во медиумскиот сектор. Оваа Повелба е витална алатка во кампањата на Еопската федерација на новинари за подобра правна заштита на новинарите-хонорарци (фриленсери) 1.Секој хонорарец има право да се организира во синдикат и преку колективна работа да работи на подобрување на положбата на хонорарците и другите новинари. Хонорарците и нивните […]

Пратениците на власта не сакаат слободни медиуми

Владеачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ вчера демострираа дека се противат Македонија да биде слободна, цивилизирана и демократска земја. За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ не е битно што пишува во Уставот, кој гарарантира слобода на медиуми, туку што наредуваат Никола Груевски и Али Ахмети. Тие вчера во Собрание бессрамно и кукавички одбија дури да […]

Обвинителството го толерира говорот на омраза на Неделковски

Основното јавно обвинителство во Скопје го одби барањето на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари (ЗНМ), за кривично гонење против Миленко Неделковски за ширење на говор на омраза и загрозување на сигурноста на граѓаните. ЗНМ и ССНМ,  го обжалија ова решение и се надеваат дека Вишото јавно обвинителство објективно […]

Ги знаеме нашите права и немаме страв

Македонските новинари (со исклучок на оние на високи уреднички позиции во националните медиуми), вработените и оние долгогодишни редовни соработници, кои имаат статус на хонорарци се соочуваат со сериозни финансиски проблеми и недостоинствен третман во медиумите. За остварување на работнички права не станува збор, експлоатацијата на поголем број работодавци не е ни малку различна од онаа […]

ЕУ со препораки за потпишување на Колективен договор

Во стратегијата на Генералниот директорат за прошитрување на ЕУ за поддршка на слободата на медиумите и интегритет на медиумите во земјите кандидати во перидот од 2014 до 2020 година наведени се конкретни активности кои треба да бидат преземени за исполнување на европските стандарди. Влошувањето на економската состојба ги стави медиумите во искушение да излезат надвор […]

Приватните медиуми зависни, а јавните во служба на власта

Генералниот заклучок на „Фридом хаус“, кој се провлекува во нивните три последни извештаи (2015, 2014 и 2013) , е дека новинарите во Македонија имаат ниски плати, несигурна работа, лоши работни услови и трпат притисок од сопствениците, додека повеќето медиуми зависат од парите на Владата или на одредени бизнисмени.                […]