ССНМ на средба со раководството на 360 степени

Основи за понатамошна соработка беа поставени на средбата на претставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со раководството и новинарите на 360 степени. На средбата во просториите на 360 степени беше разговарано за важноста на значењето на медиуми како општествено одговорни компании, новинарските стандарди, етичкиот кодекс, како и работничките права, како главен предуслов […]

Стратегии за подобрување на работните услови на новинарите

Како да се обликува иднината на новинарските синдикати и здруженија во Западен Балкан и Турција? Експертската група за работнички права Плус при ЕФЈ (LAREG+) составена од претставници од Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција, се состана на 10 април 2018 година во Скопје (Македонија) за да размени мислења за едногодишниот стратешки план за […]

Како да се справиме со лажните вести

“Писменост за вести и дигитална писменост- Справување со лажните вести“ е насловот на проектот што Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и медиумски работници и Институтот за различности во медиумите од Лондон ќе го спроведуваат во следните три години, со финансиска поддршка од Европската Унија. Целта на проектот […]

КОНКУРС ЗА АВТОРСКИ ТЕКСТ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) отвора конкурс за авторски текст на тема „Феноменот на лажните вести “ што ќе биде објавен во првиот број на електронската публикација „Новинарството како јавно добро“. Конкурсот е отворен за сите членови на ССНМ, кои можат да испратат апликација на адреса ssnm.info@gmail.com. Таа треба да содржи лични […]

За стечајците од МПМ

ССНМ ги информира сите свои активни или поранешни членови од МПМ дека им стои на располагање со БЕСПЛАТНО правно застапување

Заврши проектот “Јакнење на синдикализмот во медиумите”

Континуирана правна помош за членовите за намалување на случаи во кои се повредени работните права на медиумските работници, информирање на членовите за активностите на ССНМ преку редовен месечен билтен и истражување на застапеноста на синдикални теми во медиумите, беа дел од активностите во рамките на проектот „Јакнење на синдикализмот во медиумската индустрија“ поддржан од Македонскиот […]

Како да напишете CV кое ќе биде забележано

„Сум прашал повеќе луѓе да ми помогнат со моето CV, но добивам различни совети. Кој е најдобриот начин да се изврши максимално влијание?“ Џонатан, Манчестер. Нема едноставен одговор! Еден поглед на Амазон дава дузина книги за пишување CV, биографии и пропратни писма. Може да купите софтвер кој ќе го состави вашето CV или да платите […]

Заврши проектот „Зад насловите“

Со изложба на фотографии на Роберт Атанасовски на кои се регистрирани некои од поголемите настани на кои новинарите, фоторепортерите и снимателите учествуваа како активни чинители или како професионалци кои следат настан ССНМ го означи крајот на едногодишниот проект „Зад насловите“ поддржан од Здружението на новинарите на Македонија во рамките на проектот „Мрежа на новинари за […]

Подобрување на условите за истражувачко новинарство

Не се откажуваме од барањето за олеснување и подобрување на условите за работа на истражувачките новинари. Имено, ССНМ бара од Владата да овозможи бесплатен пристап за истражувачките новинари до јавните документи на Централен Регистар и Катастар на Република Македонија. Ова барање беше презентирано на првата средба со премиерот Заев, а повторно актуелизирано на редовниот бринфинг […]

Средба во МТСП за стечајците од локалните радија

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија и на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска имаа работна средба со министерката за Труд и социјална политика, Мила Царовска, на која се разговараше за можноста новинарите стечајци од затворените локални радија да бидат опфатени со измените и дополнувањата на Законот за материјално обезбедување на стечајците. […]