ЦРМ: Владата планира козметички измени кои нема да ја подобрат состојбата во медиумите

Владата не сака да ја декриминализира клеветата и патоказот што го изготви како акционен план  за исполнување на обврските во Пристапниот дијалог со ЕУ во делот што се однесува на слободата на медиумите нуди формални и козметички измени кои нема да ја подобрат состојбата, смета Центарот за развој на медиумите во својата последна анализа. Во […]

Поддршка за протестот на СИЕР

 Извршниот одбор на ССНМ реши јавно да го поддржи најавениот протест на Синдикатот на работниците од индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР) заради измените на Законот за вработување и заштита од невработеност  со кои се намалува периодот за заштита на повозрасните работници прогласени за технолошки вишок. Станува збор за уште еден од низата драстични кратења на […]

Обука за синдикални претставници и активисти

   Која е мисијата и што се задачите на Синдикатот?Каква е улогата и одговорноста на синдикалните претставници?Во какво опкружување делуваме? – Ова се само некои од прашањата за кои се разговараше во петокот во Скопје на обуката за синдикални претставници и активисти што ја водеше Маре Анчева, генералне секретар на СИЕР (Синдикат на работниците од […]

Заклучоци од мисијата за слобода на изразување во Македонија

  17-18 ноември 2011 Меѓународната партнерска група на организации за слобода на изразувањето ја посетија Македонија со задача утврдување на факти , при што се сретнаа со претставници на владата, парламентот, граѓанскиот сектор, новинарските здруженија и организации за развој на медиумите како и одделни новинари. Групата изрази загриженост за состојбата со слободата на изразување и […]

Апел за решение на случајот на „ Радио Гостивар“

  ССНМ во врска со случајот на “Радио Гостивар” упатува апел и ги охрабрува институциите кои се надлежни во решавањето на статусот на оваа медиумска куќа да се ангажираат и да посветат повеќе внимание на предметите доставени до нив. Вработените во Јавното локално радиодифузно претпријатие „Радио Гостивар” од Гостивар, откако не успеajа да се трансформираат […]

Апел за слободно новинарство

  Во период кога ЗНМ ги започна преговорите со Владата на РМ за решавање на проблемите во медиумската сфера и кога се погласни стануваат барањата за декриминализација на клеветата и навредата, а со цел да го поддржиме процесот на подобрување на состојбите во новинарската професија, јавно бараме од сите засегнати страни да бидат внимателни и […]

ЕФН:Почитувањето на работничките права е клучот за медиумската слобода

Европската федерација на новинарите, како дел на Меѓународната федерација на новинарите, по регионалната конференција во Скопје,  ја изразува својата силна поддршка на синдикалните права и слободата на медиумите во Југоисточна Европа „Новинарите во Југоисточна Европа се уште работат во атмосфера на страв“ вели претседателот на ЕФН Арне Кенинг.“Тие се плашат за своите работни места затоа […]

Одржано Собрание на ССНМ

 Одржано е Првото редовно Собрание на ССНМ кое воедно беше изборно. За членови на органите на ССНМ избрани се:Извршен одбор -Драган Антоновски -Дарко Дуридански  -Зоран Маџоски  -Биљана Јовановска -Срѓан Стојанчов -Звездан Георгиевски Статутарна комисија Весна КоловскаСузана Бабунска Катарина Шекеровска Надзорен одбор-Горан Теменугов-Душица Мрѓа-Филип Антовски Претседател Тамара Чаусидис  tamara.causidis@gmail.com   На Собранието се усвоени и: Деловник […]

За ТВ А2

Во пресрет на утрешното рочиште за ТВ А2, Самостојниот Синдикат на новинарите и медиумските работници апелира до надлежнитe институции да вложат напори и поскоро да дадат одговор на прашањето дали оваа телевизија има законско право да продолжи со работа или не.   Со оглед на најавите на претставниците на ТВ А2 дека по позитивната одлука […]

ССНМ на конференција за медиуми во организација на ОБСЕ

Самостојниот Синдикат на новинарите и медиумските работници  на покана од ОБСЕ учествуваше на дводневната конференција во Сараево  посветена на слободата на медиумите.На средбата на која учествуваа стотина меѓународни и локални експерти, претставници на медиумите и медиумските организации беше фокусирана на предизвиците за слободата на медиумите во регионот како што се насилството и заканите врз новинарите, […]