- Работодавачот е должен да ја штити и почитува личноста и достоинството на работникот, како и да води сметка и да ја штити приватноста на работникот.
- Работодавачот е должен да обезбеди ниеден работник да не биде жртва на вознемирување и полово вознемирување.
- Работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работник за време на бременоста, раѓање и родителство и отсуство поради нега и чување на деца.
- Плаќањето на работата по договорот за вработување мора да биде секогаш во парична форма.
- Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно
- Работникот има право на надомест на трошоци поврзани со работата за:
1) службено патување;
2) теренски додаток;
3) користење на приватен автомобил за службени патувања;
4) одвоен живот од семејството и
5) смрт на работникот или член на неговото семејство.