ДУИ и ВМРО ДПМНЕ сакаат да озаконат цензура

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работниви (ССНМ) најостро го осудува предлог законот поднесен од пратеникот од ДУИ Талат Џафери и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски. Без сомнение овој предлог-закон е кршење на членот 16 од Уставот на Република Македонија во кој се наведува дека цензурата е забранета. Предлог законот несомнено преставува обид за цензура која е неприфатлива за која било земја која сака да се декларира како демократска.Одредбата во која се предвидува дека“тој што неовластено поседува, обработува и располага на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години” дополнително ја загрозува кревката слобода на изразување и ќе преставува сериозна закана за работата на новинарите. Апелираме пратениците да не го изгласаат овој закон и да сторат се што е во нивна можност тој да не помине во собраниските процедури.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin