„Еднаква“ смета дека дискредитација на новинарката Здравковска е форма на притисок врз слободата на медиумите

Датум

Локални битолски функционери се обидуваат да извршат притисок врз колешката Жанета Здравковска од СДК и да го нападнат нејзиниот новинарски интегритет, но и да го нарушат кредибилитетот на медиумот за кој пишува

Женската медиумска мрежа „Еднаква“ при Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги осудува обидите за дискредитација на работата на колешката-дописник на „Сакам да кажам“ од Битола, Жанета Здравковска. Локални функционери преку објави на социјалните мрежи го означија како „лажна вест“ текстот на колешката насловен како: „Загубарот Битолски комуналец склучи договор за набавка на кучешка храна од 57.000 евра за една година“.

Со тоа тие се обидуваат да извршат притисок врз колешката Здравковска и да го нападнат нејзиниот новинарски интегритет, но и да го нарушат кредибилитетот на медиумот за кој пишува.

Женската медиумска мрежа „Еднаква“ апелира и ги предупредува локалните функционери дека не е нивна работа да изнесуваат квалификации дали одредена новинарска содржина е вистинита, и дека тоа претставува директен притисок врз слободата на медиумите.

Останати
објави

Сподели на...