Најостро ги осудуваме навредите и насилните заканите упатени од непознат маж кон новинарката на Радио телевизија на Црна Гора, Душка Пејовиќ, во неделата вечер пред нејзиниот стан во Подгорица.
Ова е напад врз Душка Пејовиќ не само како новинарка, жена, туку и како активистка и борка за човекови права, чија долгогодишна работа се состои од критичко известување за ретроградните, антидемократски политики заради што беше изложена на смртни закани и медиумски линч во минатото.
Ваквите инциденти ја загрозуваат слободата на изразување, безбедноста на новинарите и новинарките, како и демократските вредности на кои треба да почива граѓанското општество.
Ги повикуваме полициските и правосудните органи целосно да ги истражат заканите кон новинарката Пејовиќ, да ја заштитат и да ги применат сите механизми со кои ќе се спречи нејзините права да бидат загрозени и да ја гарантираат нејзината безбедност, и да ѝ овозможат безбедно и слободно да си ја врши својата работа и да живее без страв.
Женска медиумска мрежа Еднаква (Северна Македонија)
Mreža novinarki Crne Gore (Црна Гора)
Novinarke protiv nasilja (Србија)
Albanian Women in Audiovisual (AWA) (Албанија)
Mreža novinarki Bosne i Hercegovine (БиХ)