ССНМ и женската медиумска мрежа „Еднаква“ во Скопје одржаа средба со своите членки, но и со заинтересираните новинарки и медиумски работнички кои се пријавија на повикот „Новинарките за жените“ на „Еднаква“ и на здружението за унапредување на родовата еднаквост – Акција Здруженска, за изработка на истражувачки текстови и содржини посветени на родовата еднаквост.
На средбата беа присутни претставнички на повеќе медиуми од Скопје, но и од внатрешноста на кои, претседателката на женската мрежа „Еднаква“, Марија Митевска до детали им го образложи начинот на работа. Митевска одговори на сите прашања поврзани со конкурирањето, процесот на избор и термините до кои кандидатките ќе мора да се придржуваат.

Во име на ССНМ присутните ги поздрави претседателот Павле Беловски повторувајќи го ставот на организацијата дека таа останува на црвстата линија околу родовата балансираност и особено во делот на нула толеранција кон заканите кон новинарките и медиумските работнички во земјава.
Повикот за стории е сѐ уште отворен и трае до 15 септември. Повеќе детали со клик овде.
Средбата е дел од грантот „Новинарките за жените“ спроведуван од Женската медиумска мрежа „Еднаква“ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, кој е финансиран од Здружението за унапредување на родовата еднаквост – Акција Здруженска, а поддржан од filia.die frauenstiftung. Содржината на овој материјал е единствена одговорност на Еднаква и ССНМ и во никој случај не ги одразува ставовите на Акција Здруженска и filia.diefrauenstiftung.

