Бидејќи вестите застаруваат и не се интересни за кратко време, преносот во живо е подобра опција

Датум

Aрен Меликјан е ерменски новинар, кој веќе неколку години специјализирал во областа на подкастите. Вели дека подкастот е иднината на новинарството, а флексибилноста која ја дава овој тип на медиум е од голема важност за еден новинар. Во текот на својата кариера токму со подкаст добива награда за известување поврзано со конфликтот во Нагорно Карабах.

Г-дин Меликјан колку долго работите на снимање подкасти?

– Мојот прв подкаст го снимив во јули 2018 година. Пред тоа, редовно слушав и учев за подкастот како новинарски производ. Оттогаш имам снимено три подкаст серијали, од кои што едниот е документарец на кои едната од нив, а другите два се интервјуа.

Може ли еден новинар лесно да научи како да прави создаде подкаст, дали Ви требаше специфична обука и дали е потребно да се инвестира за да влезете во светот на подкастите?

– Мојот прв подкаст го објавив на мојот стар Ајфон 5, со ограничен капацитет и со само со искуство во монтирање на аудио записи. Од друга страна, пак тоа е мојата најуспешна новинарска сторија, за која добив награда. Верувам дека новинарското искуство ми помогна да станам продуцент на подкасти, затоа што ми беше полесно да наоѓам теми, соговорници. Меѓутоа сметат дека подкастите се една од ретките медиуми преку кои не постои лимит за твојата имагинација и она што сакаш да го постингеш како краен резулат. Секако дека обуки и тренинзи се корисни и јас самиот бев дел на неколку такви професионални надоградувања, затоа што ми помогна полесно да ја користам потребната опрема за работа, кои алатки и апликации да ги користам за да продуцирам итн. Како што споменав и претходно , мобилен телефон или аудио рекордер е доволно за почеток, но сепак инвестиција во добро опрема за работа е неопходна.

Која е разликата помеѓу радиото и подкастот?

– Подкастот е многу сличен на радиото. Сепак, ти дава претдност со тоа што можеш да одбереш канали, категории и специфични теми кои сакаш да ги слушаш. Еве на пример ,ако ве интересира нешто повеќе за авијација, може да побарате подкасти на темата и да ги слушате кога сакате и каде сакате. Што исто така значи дека подкастот има огромна предност пред радиото, затоа што не треба не би треба интернет или едноставно да е приклучено на струја, со самото преземање на содржината подкастите се достапни дури и во авион , додека вашиот мобилен телефон е ставен на режим за летање.Исто така како слушател, ги избегнувате оние реклами помеѓу содржината што ја слушата. Верувам дека подкастите се повеќе лични т.е интимни, затоа што си тет-а-тет со новинарот додека ги слушаш.

Што сметате дека е најпредизвикувачко во овој вид на новинарство? Кои се добрите, а кои лошите страни?

– Единствен предизвик со кој се соочувам како продуцент на подкасти во Ерменија е дистрибуција на содржината до публиката. Ова е нов вид на медиум, и на многу луѓе се уште не им е познат. Понекогаш, кога ќе видите колку луѓе го слушале вашиот подкаст, вложениот труд се чини како да не се исплати. Но, ова е специфична за мене лоша страна поради мојот јазик и ограничената публика. Ова исто така може да е случајот и за други општества кои транзитираат низ процесот на дигитализација. Од другата страна пак, има и стотици позитивни работи. Бидејќи често работам на сензитивни „табу“ теми, полесно е да се зборува со луѓе само на аудио. Со видео форматот, луѓето се плашат како ќе изгледаат раскажувајќи ги нивните емотивни приказни. Дополнително, бидејќи нема временски лимитации, еден продуцент може да ги вклучи сите делови за кои смета дека се релевантни за приказната, ова не е случај со радио емисиите или традиционалните медиуми, каде што има јасни лимитации на времето на една емисија.

Што мислите, дали дневното новинарство може да биде покриено со подкасти?

– Секако, дневното новинарство може да биде продуцирано како подкаст, но, бидјеќи вестите застаруваат и не се интересно за кратко време, сметам дека преносот во живо е подобра опција за пренесување на вестите. Ги гледам подкастите како аналитички осврт на вестите, како начин за раскажување на една приказна низ многу поширока леќа.

Во кои ситуации мислевте дека само вашиот мобилен телефон или аудио рекордер Ве поштедил од од непријатни ситуации?

– Не би можел да се присетам на некои лоши случки кои ми се случиле. Сигурен сум дека патувањето и интервјуирањето само со аудио снимач, наместо камера, ми има дозволено да доловам многу повеќе информации, кои се многу потешки да се доловат на екран. Луѓе кои имаат проблеми со правосудството и органите на прогонот, зборуваат многу послободно на аудио, отколку на камера.

Останати
објави

Сподели на...