Со оглед дека ситуацијата со руската инвазија на Украина не запира, туку, напротив, продолжува да се развива, важно е сите да практикуваат информативни навики за медиумска писменост. Од витално значење е да се знае каде може да се најдат веродостојни информации за настаните во Украина и како да се избегне измама со споделување на погрешни и на лажни информации. Во продолжение ви нудиме три совети кои ќе помогнат да избегнете ненамерно ширење на конфузија и штета:
1. Бидете внимателни и проникливи со она во што верувате и споделувате.
– Обемот на фотографии и видеата надвор од контекст се зголемува за време на воени конфликти и други големи вести настани. Избегнувајте лајкување и споделување на какви било визуелни слики што не се потврдени од веродостојни извори засновани на стандарди.
– Имајте на ум: она што онлајн го поддржувате и засилувате, влијае врз перцепциите на другите. Забавете и следете ги чекорите со здрав разум, како овие, пред да реагирате на информации од непознати извори.
2. Запознајте ги руските места за дезинформации, тактики и наративи.
– Русија изгради широка база за дезинформации во обид да ги оправда своите воени акции. Еднаш етаблирани, тие лажни наративи тешко може да се отстранат или да се следат до нивниот извор.
– Имајте на ум: руските државни пропагандни извори се присутни на главните социјални медиуми и може да биде тешко да се идентификуваат. Брзото или напредно пребарување на интернет за имиња на било кои непознати извори на вести или неосновани тврдења е најдобар прв чекор за избегнување на дезинформации.
3. Бидете на патот на веродостојните информации.
– И покрај сите погрешни вести и дезинформации што циркулираат на социјалните мрежи, овие платформи можат да бидат и моќни алатки за пристап и споделување на навремени и веродостојни информации. Бидете со намера да ги следите професионалните новинари на терен, реномираните новински организации и проверувачите на факти кои ги разоткриваат невистините во реално време.
– Имајте на ум: вонредните вести создаваат хаотични, брзи и предизвикувачки информативни средини. Одолејте на поривот да изразите загриженост со рефлексно споделување на сензационални, но непотврдени објави и ажурирања. Исто така, запомнете дека е важно да се има во предвид правичноста, кадрите, како и точноста, додека ги следите вестите за Украина. Некои ги критикуваа неодамнешните вести, на пример, за вклучување на расистички и евроцентрични чувства кои откриваат вознемирувачки двоен стандард во покривањето на конфликтот во споредба со оние надвор од Европа.
Русија има историја за користење на дезинформации за „оправдување“ на акциите што се осудени или ги осудува меѓународната заедница. Сепак, нејзините неодамнешни напори да измисли образложение за инвазијата на Украина, брзо беа разоткриени од истражувачите. Тие користеа геолокација за да го отфрлат тврдењето за наводни украински саботери кои се прикрадуваат во Русија; сателитски податоци за сензори на топлина за да се отфрлат руските тврдења за напад; и алатки за видео анализа за да се покаже дека снимката од наводен чин на саботажа вклучува аудио од експлозии што се преземени од други видеа.
Зголемените западни критики за известувањето од војната во Украина, покренуваат важни прашања за влијанието на пристрасноста во одлуките за вестите за време на главните приказни што се развиваат. Некои упатија критики за одредени известувања од Украина и забележаа на рамката на приказните и изборот на зборови што ја прикажуваат „инвазијата како нешто што се случува во сиромашните земји, но не и во Европа“. Дури и огромната количина на содржини сама по себе, велат критичарите, открива двоен стандард во тоа како западните медиуми ја покривале оваа војна во споредба со конфликтите во другите делови на светот.
Долгогодишниот руски дезинформативен наратив, кој тврди дека САД финансираат лаборатории за биолошко оружје, повторно се појави за време на војната во Украина и се задржа меѓу приврзаниците на теории на заговор. Руската влада со години се обидуваше да легитимира различни неосновани тврдења дека САД развиваат биолошко оружје, вклучително и во лаборатории во Украина. Во реалноста, лабораториите беа делумно воспоставени за да го обезбедат оружјето од советската ера, а истовремено работеа на тоа „опасните патогени да не паднат во погрешни раце“.
Рускиот парламент, во меѓувреме, усвои нов закон со кој се криминализира објавувањето на информации за војската кои Кремљ ги смета за „лажни“, вклучително и известувањето од независни новински организации и објави на социјалните мрежи од поединци. Како одговор на законот, еден независен весник кој долго време ја критикуваше руската влада, „Новаја газета“ на Твитер објави дека го брише известувањето за војната за да избегне тужба и гонење. Други големи новински организации, вклучувајќи ги „Би-Би-Си“, „Си-Ен-Ен“, „Еј-Би-Си“, „Си-Би-Ес“ и „Блумберг“, како одговор на тоа, ги прекинаа нивните преноси и известувања од Русија. „Вашингтон пост“, пак, објави дека ќе отстрани елементи од некои стории, како датуми, за да ги заштити своите новинари во Русија.
Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, војната создаде претежно хаотична информативна средина низ која дури и најпаметните и најпосветени експерти за дезинформации понекогаш се мачат да се движат. Веродостојните информации може да се изгубат во морето на лажни објави на социјалните мрежи, создавајќи метеж од контрадикторност и конфузија. Автентични фотографии од цивилни жртви и од гранатирани станбени згради, училишта и болници, се испресечени со снимки од претходни воени акции, филмови и видео игри. Објавите кои ја слават украинската храброст, патриотизам и контранапади се, исто така, измешани со визуелни елементи надвор од контекст и измислени приказни. Тоа е вртоглава комбинација од точни информации, тактички дезинформации, тролање, мамка за ангажман, па дури и дезинформации наменети за инспирација на оние кои ја поддржуваат Украина.
Три совети кои ќе ви помогнат да останете фокусирани на фактите, додека инвазијата на Украина е влезена во четвртиот месец
1. Внимавајте на руските тактики за дезинформација. Иако не можеме со сигурност да знаеме дали објавата или коментарот на интернет е од руски агент или платен трол, можеме да научиме да ги забележуваме вообичаените руски тактики и наративи за дезинформација. Исто така, треба да се препознае сложеноста на новите пропагандни тактики, како што е измислувањето и неискреното „откривање“ на проукраинските „фалсификати“ од страна на Русите – шема што фрла сомнеж на автентичните .
2. Не потпаѓајте на наративи за теорија на заговор. Приврзаниците на теориите на заговор честопати ги прилагодуваат своите верувања за да одговараат на новите случувања во светот, а војната во Украина не е исклучок. Меѓутоа, во овој случај, оние кои веруваат во заговор, исто така, стануваат жртви на руските наративи за дезинформација, како што е неоснованото тврдење дека САД го поддржуваат развојот на биолошко оружје во Украина или апсурдната идеја дека конфликтот го организираат актери.
3. Споделувањето на дезинформации како „поддршка“ на Украина им помага на руските пропагандни напори. Иако можеби е примамливо да се лајкуваат и споделуваат објави на социјалните мрежи кои покажуваат наводни победи на Украина, инспиративни вињети и други надежни пораки, распространетоста на невистини во врска со конфликтот ги поттикнува руските и конспиративните тврдења дека војната, на некој начин, се пренагласува или лажира. Тие се погоден момент да се откажете од објави на социјалните мрежи од непознати лица и други форми на содржина што е генерирана од корисниците и да чекате потврда пред да споделите.Додека светот продолжува да биде сведок на текот на руската инвазија на Украина, во многу случаи на социјалните мрежи, од витално значење е да не се додава магла на конфузијата што е создадена од дезинформации за да се прикријат злосторствата што се вршат на терен. Сите имаме одговорност да се вклучиме во борбата против невистините со тоа што ќе научиме да ги препознаваме, да ги пријавиме на модераторите на платформата и да ги предупредуваме другите да се оддалечат од нив.
Извор: News Litercy Project
Фото:Pixabay
Оваа сторија е дел од публикацијата „Новинарството како јавно добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.