Плурализам на онлајн гласови е добар за демократијата, но сепак една група стана мета на напад на најгрозоморен начи. Закани со силување, физичко насилство и експлицитни слики се појавуваат во сандачињата и на платформите на социјалните медиуми на жени новинари низ целиот свет. Иако онлајн малтретирањето на новинари не е ништо ново, тоа стана причина за загриженост и ограничување на слободата на изразувањето за многу жени новинари кои даваат значаен придонес во новинарството. Сум ја имала таа привилегија да работам со многу од нив.
Во февруари 2015 година, Канцеларијата на Претставникот за слобода на медиумите, заедно со Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), спроведе квалитативна анкета за да почне да ја евидентира распространетоста на онлајн малтретирањето на жените новинари во земјите-членки. Јас сум официјален претставник за слобода на медиумите и одговорите кои ги добивме беа повик за будење за сите нас; навистина запрепастувачки во однос на бројот и природата на заканите кои секојдневно се упатени кон повеќето жени новинари.
Во име на храброста, и заради сочувство со оние кои биле жртви на таква злоупотреба, ќе ја ублажам пораката која ја добиваа новинарките: „Жените кои многу зборуваат треба да бидат силувани.“ Родовата компонента на ова малтретирање е јасна и ја покажува својата грда глава во формата на заканите и јазикот кој се користи, што ја надминува традиционалната зајадливост со користење закани и експлицитно (често сексуално) насилство со цел да се замолчат жените на интернет. Иако овие новинарки беа нападнати и како новинари и како жени, ова не е само „женско прашање“. Ограничувањето на разновидноста на гласовите на интернет им штети на сите, и без вклученоста на мажите во борбата против таквите напади, многу малку може да се стори тие да се запрат.
Жените кои се соочени со овој вид злоупотреба немаат многу избор кога станува збор за пријавување на овој вид насилство на начин кој веројатно би дал резултатите, или достапност на поддршка и правна помош. Во најдобар случај, тие се поттикнуваат да го игнорираат насилството и да го исклучат компјутерот, а во најлош случај, тие се обвинети за малтретирањето или за поткопување на слободата на говорот на другите. Очигледно, исклучувањето на компјутерот не е прифатливо ниту реално решение. Иако презирот може да е ограничен само на виртуелниот свет, заканата по безбедноста и репутацијата на жените е реална. Всушност, многу новинари тврдат дека самата природа на интернетот – која овозможува целосна анонимност и пристап до информации, вклучувајќи социјални, лични и финансиски податоци – прави невозможно да се избегнат агресорите и ги засилува штетните ефекти на онлајн малтретирањето. Една новинарка кој одговори на нашата анкета напиша, „Кога одам во конфликтна зона, избирам да одам и да се ставам во опасна ситуација. Да го чувствувам истиот психолошки стрес во својот дом само затоа што сум кажала свое мислење на Facebook или Twitter неподносливо.“ Имајте на ум дека ова го кажува дописник од воени подрачја.
Помеѓу испитаниците, 95 проценти потврдија дека огромно мнозинство од заканите кои ги добиваат поврзани со работата се случуваат на интернет. Но истите фактори кои им оневозможуваат да го избегнат малтретирањето на интернет исто така ги осуетуваат напорите на полицијата и владата ефективно да ги казнат одговорните или да ја спречат појавата на онлајн нападите. Главен проблем е што нападите се аморфни и минливи. Постои и недостаток на конкретни податоци. За креаторите на политики кои сакаат да имаат реално влијание врз јакнењето на безбедноста на жените новинари на интернет, прибирањето податоци, вклучително за конкретни случаи на онлајн насилство и за квалитативни и квантитативни ефекти врз работата на новинарите (на и вон интернет) би бил клучниот прв чекор.
Недостасуваат и професионални стандарди за тоа што претставува говор на омраза и конкретни прагови за рестрикции. Новинарите треба да можат да ги именуваат и евидентираат таквите напади, и стандардите не може произволно да се поставуваат. Тоа ќе бара придонес на сите засегнати страни, вклучувајќи ги и членовите на граѓанското општество, посредниците, медиумите, меѓународните заедници и новинарите.
За да го започнеме процесот во Канцеларијата на Претставникот за слобода на медиуми, ги користевме наодите од нашата анкета заедно со прелиминарните препораки изнесени во нашето „Соопштение 02/2015 за растечката закана по безбедноста на жените новинари на интернет“ (Communiqué 02/2015 on the Growing Safety Threat to Female Journalists Online) за да организираме форум за ова прашање во септември 2015.
Медиумски експерти, претставници на интернет посреднички компании, членови на јавност и владини креатори на политики од владите на земјите-членки на ОБСЕ кои земаа учесто на форумот зборуваа за пречките со кои секоја група на засегнати страни е соочена, како и за реалните можности за сузбивање на малтретирањето на интернет. Средбата им овозможи на новинарите директно да зборуваат со креаторите на политики за нивните професионалн искуства со онлајн малтретирање, врамувајќи ја дебатата во реалноста на секојдневниот живот на жените новинари, како и за последиците од таквата злоупотреба, разликите и споделените искуства преку националните граници и начините на кои можеле да побараат поддршка и помош.
Дискусијата помогна во оформување на посеопфатно разбирање за застапеноста на овој вид насилство. Иако реперкусиите од малтретирањето на интернет се полоши во земјите во кои демократските начела како што се слободата на изразување веќе страдаат, сведоштвата на новинарите на конференцијата потврдија дека проблемот се јавува низ целиот регион на ОБСЕ, како и во другите делови од светот. Каролајн Криадо-Перез, новинарка од Обединетото Кралство која гласно зборува за сеприсутното малтретирање кое го преживува од 2013 година, ги шокираше присутните читајќи наглас некои од вонемирувачките и експлицитни закани кои ги добила. Новинарката од Азербејџан Арзу Гејбулајева им кажа на учесниците на форумот дека добила неколку закани со смрт и бројни пораки со закани по личната и безбедноста на нејзиното семејство. Домашните адреси на обете жени биле објавени на интернет заедно со закани со силување и физичко насилство.
Многу од новинарите присутни на конференцијата зборуваа за отсуството на неопходни законски алатки и разбирање на технологијата за ефикасна заштита на жртвите. Со константните промени во технологијата, начините на кој новинарите се напаѓаат исто така еволуираат, и денес вклучуваат објавување на порно за одмазда, сајбер-мобинг и DoS напади. Присутните на форумот се согласија дека дигиталната писменост треба да биде вклучена во обуката на претставниците на полицијата за да се обезбеди дека жртвите ја добиваат потребната поддршка и дека сторителите се во најдобар случај одвратени пред да започнат напад. На полицијата ѝ се потребни податоци за мотивацијата зад таквите напади, лесен пристап до информаци и законски преседани и јасна дефиниција за тоа што претставува дигитално кривично дело од омраза.
Средбата претставува почеток на она што се надевам ќе биде долгорочен фокус на прашањето во ОБСЕ и други меѓународни организации. Потоа, мојата канцеларија објави листа на конкретни препораки за креаторите на политики за тоа како најдобро да обезбедат дека постојните законски рамки ефективно се користат за поддршка на жените новинари кои се предмет на онлајн малтретирање, вклучувајќи го следното:
- Јакнење на капацитетите на полицијата за подобро разбирање на меѓународние стандарди за човекови права за да можат да идентификуваат реални закани и да заштитат поединци од опасност, вклучително и обезбедување алатки и обука за технички и правни прашања.
- Овластување на и помош при собирање и анализа на податоци поврзани со онајн малтретирање и ефектитите од истото, вклучувајќи креирање база на податоци на конкретни појави и мерки преземени од полицијата.
- Воспоставување мрежа на работни групи со земјите-членки, меѓународните организации, медиумите, граѓанското општество и интернет посредниците за развој на едукативен материјал, кампањи за подигање на свеста, како и креирање ефективни структури за дијалог.
- Препознавање дека заканите и другите форми на онлајн насилство врз жените ноинари и медиумските актери е директен напад врз слободата на изразување и слободата на медиумите.
Овие клучни чекори ќе им ги обезбедат на органите на полицијата потребните алатки за подобро да ги идентификуваат овие видови кривични дела и да обезбедат реална заштита за жртвите во рамките на меѓународните закони.
Една од најважните, иако помалку разбраните, поенти е тоа што ние веќе ја имамае потребната правна рамка за сузбивање на овој разорувачки тренд. Таа рамка ја вклучува Универзалната декларација за човекови права, Меѓународната конвенција за граѓански и политички права, Конвенцијата на ОН за елиминација на сите форми на дискриминација против жените, Пекиншката платформа за акција, Акцискиот план на ОН за безбедност на новинарите и прашањето на неказнивоста, и голем број резолуции на ОН меѓу кои и L13 за слободен говор на интернет. Заедно, овие мерки даваат платформа која ќе обезбеди дека жените новинари можат слободно да работат. Клучот не е да се усвои нова легислатива која би можела да има негативен ефект врз слободата на изразувањето, туку да се обезбедат информации и ресурси за ефикасно користење на постојната легислатива за да се заштити безбедноста на новинарите и да се стави крај на родовата дискриминација.
Онлајн малтретирањето претставува опасност за медумскиот плурализам и демократијата во целост. Според еден извештај, само 24 проценти од луѓето кои работат во печатените, радио и телевизиските медиуми се жени. Доколку не се преземе ништо за ваквиот вид малтретирање, тоа може да резултира со само-цензура од страна на жените новинари и намалена женска перспектива на интернет.
Една дописничка од воени подрачја која била континуирано жртва на онлајн малтретирање објасни во нејзиниот одговор на акетата дека зела одмор од работа. „Ми требаше одмор,“ напишала таа. „ Но тоа ме натера да размислувам дали навистина вреди, да известувам од Израел и Палестина.“ Поентата е едноставна: креаторите на политики на секое ниво и во секој сектор мора како приоритет да обезедат дека новинарите од обата пола можат да работат слободно и без страв од онлајн малтретирање што е директен напад врз нашите фундаментални слободи.
Дуња Мијатовиќ е претставник за слобода на медиумите, позиција на која е назначена во 2010 година од страна на Советот на министри на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, која има политички мандат да ја штити и промовира слободата на изразување и слободата на медиумите во 57 земји-членки.