• +389 70 843 318 +389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

Во време на КОВИД-19 кризата, прогнозите за слободата на печатот се мрачни

Пандемијата со КОВИД-19 ги стави јавното здравство во хаос, глобалната економија во шок и владите насекаде во криза. Исто така го преиначи начинот на кој работат новинарите, и тоа пред се затоа што властите во многу земји заразата ја земаа како изговор да ги замолчат медиумите, пишува Кетрин Јакобсен за Комитетот за заштита на новинарите (КЗН).

Одредени опасности со текот на времето ќе се намалат: вакцина за КОВИД-19 конечно ќе ги заштити луѓето, вклучувајќи ги и новинарите, од заразување или ширење на вирусот. Но, некои од мерките преземени за ограничување на слободата на печатот, намерно или не, може да продолжат и во иднина, велат експертите.

Можно е одоговорите на коронвирусот да ја сменат долгорочната парадигма за новинарството на непредвидливи начини, исто како што нападите од 11 септември 2001 година, ја забрзаа глобалната експанзија на анти-терористички закони, и во замена го зголемија бројот на затворени новинари, пракса која продолжува и денеска.

Прекршувањата на слободата на печатот на глобално нив, кои што Комитетот за заштита на новинарите ги документираше во врска со пандемијата може отприлика да се поделат во 10 категории кои треба да бидат мониторирани:

1 Download the bad guys. Закони против „лажни вести“

Пандемијата им овозможи на владите нов изговор да носат закони кои го криминализираат ширењето „лажни вести“, „дезинформации“ или „спинови“ и понуди причина за имплментирање на нови. Според истражувањето на Комитетот за заштита на новинари, во последните седум години, бројот на затворени новинари поради „лажни вести“ или „неточни вести“ значително порасна.

Карлос Гаио, правник кој живее во Обединетото Кралство и работи за Иницијативата за правна одбрана на медиумите изјави за КЗН дека законите за „лажни вести“ ќе продолжат да се шират како што владите ќе се обидуваат да ги контролираат пораките во врска со вирусот, и со тоа ќе имаат влијание врз новинарите и проверувачите на факти.

„Тоа е многу комплицирана тема, да забраниш нешто такво, и тоа е многу, многу опасно“, рече тој.

Дезинформациите се вистински проблем, но овие правни мерки им даваат на владите моќ да решаваат што според нив се неточни вести, и така испраќаат непријатна порака до критичките новинари. Во САД, Претседателот Доналд Трамп многу често го напаѓа начинот на кој медиумите ја покриваат кризата со КОВИД-19 и го користи терминот „лажни вести“ кога не се согласува со известувањето, стратегија која КЗН ја смета за ефективна при дискредитирањето на медиумите и ја руши довербата на јавноста iPad Ubit. Таа е еден вид на зелено светло за авторитарните владетели да го исмејуваат и гонат печатот во нивните земји.

2. Затворање новинари

Затворањето на новинарите долго време е тактика на авторитарните влади во обидот да го замолчат критичкото известување. Најмалку 250 новинари се затворени низ целиот свет според последната годишна бројка на КЗН од Декември 2019. Со кризата со КОВИД-19, затворањето може да биде и смртоносно. Новинарите се држат во нехигиенски услови и се присилени да се во близок контакт со други кои би можеле да бидат заразени. КЗН и повеќе од 190 партнерски организации ги повикаа владите од целиот свет да ги пуштат сите новинари затворени поради нивната работа with Sen and Chihiro.

Сепак, апсењата продолжуваат. Во Индија властите во Тамил Науд на 23 април го уапсија основачот на СимплиСити, интернет портал, и го обвинија за прекршување на Законот за заразни болести и други закони. Порталот објави наводна корупција во владата поврзана со дистрибуцијата на храна за време на пандемијата.

Војската на Јордан уапси двајца новинари од сателитскиот ТВ канал Роја на 10 април во врска со извештај за поплаките на работниците околу економското влијание на полицискиот час.

3. Суспендирање на слободата на говор

Вонредните мерки на некои влади го укинаа или суспендираа правото на говор за време на вонредната состојба.

Уставот на Либерија предвидува заштита на слободата на изразување и ја ограничува за време на вонредна состојба и му дава овластувања на претседателот да „суспендира или ограничи одредени права, слободи и гаранции“ за време на вонредна состојба каква што беше објавена на 11 април.

Хондурас, пак, на 16 март прогласи привремена вонредна состојба која суспендира некои членови од Уставот, вклучувајќи го и тој што го штити правото на слобода на изразување download dism.exe.

4. Груба цензура, и онлајн и офлајн

Властите во повеќе земји ја прекинаа дистрибуцијата на весници и печатењето со изговор кој го нарекуваа обид за прекин на ширењето на КОВИД-19. Во други земји, медиумските регулатори блокираа веб-страници или отстрануваа текстови со критичка содржина.

Јордан, Оман, Мароко, Јемен и Иран се земјите кои ја прекинаа дистрибуцијата на весниците уште во Март.

Таџикистан на 9 април ја блокираше независната веб-страница Акбор, и тоа веднаш откако известуваше критички против владата.

Рускиот медиумски регулатор, Роскомнадзор, нареди радио станицата Ехо Москва да тргне интервју со експерт за заразни болести, а веб-страницата Говорит Магадан да тргне текст за локална смрт од пневмонија.

5. Закани и малтретирање на новинари, и онлајн и офлајн

И владини претставници и обични граѓани на критичкото известување за пандемијата истовремено одговорија со насилство и закани Jang San bum download. Во земјите каде што околината за известување беше веќе опасна, ситуацијата уште повеќе се влоши.

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, се закани на новинарка од Новаја Газета откако таа на 12 април напиша дека Чеченците престанале да пријавуваат симптоми на коронавирусот од страв да не бидат етикетирани као „терористи“.

Новинари од Хаити беа нападнати од неидентификуван човек во владината Канцеларија за идентификација на 2 април, каде што биле за да ги истражат наводите дека канцеларијата не ги почитува препораките за социјално дистанцирање.

Војници во Гана задолжени за спроведување на мерките против пандемијата во два одделни инциденти во април нападнаа новинари.

6. Услови за акредитации и ограничувања на слободата на движење

Властите им ја ограничија слобода на движење на новинарите, така што доколку тие сакаат да известуваат за време на полициски час, или да влезат во болници за да имаат директен увид во здравствената нега. Понекогаш медиумите добиваат специјален пристап, но условите медиумските професионалци да имаат акредитации издадени од владината прес-служба им овозможува на лидерите да решат кој може да се смета за новинар geogebra 3d 다운로드.

Истражувањето на КЗН покажува дека ова отвора можност за оние кои не се дел од поголема медиумска куќа или оние кои критички известуваат за властите да не добијат пристап.

Индиската полиција нападна најмалку четири новинари во три одделни инциденти во Хидерабад и Делхи на 23 март додека тие оделе или се враќале од работа, и покрај тоа што националните власти објавија дека новинарите се ислучени од ограничувањата на движењето.

Во Нигерија властите бараа новинарите да носат важечка картичка за идентификација за да се движат во областите со полициски час, вклучувајќи го и главниот град Абуџа, и утврдија дека само 16 новинари може да имаат пристап до претседателската вила.

7. Ограничен пристап до информации

Законите за слободен пристап до информации кои им овозможуваат на новинарите да бараат податоците од властите беа суспендирани. Владините состаноци и седници на кои обично новинарите имаат пристап се префрлија онлајн со различни нивоа на пристап за медиумите. Во САД, антагонизмот на Трамп кон новинарите постави лош пример за САД и за локалните претставници на власта 천상의 피조물 다운로드.

Според Гаио, овие трендови најверојатно ќе продолжат:

„Владите ќе прават такви услови за функционерите за што помалку да можат да даваат информации. Пристапот до информациите ќе трае подолго и ќе биде многу покомплицирано новинарите да влегуваат во јавни места поради ризик од заразување“, вели Гаио.

Бразилскиот Претседател Жаир Болсонаро на 23 март потпиша уредба со сила на закон, која ги суспендира роковите за властите и институциите да одговорат на барањата за информации.

Гувернери и градоначалници во САД создадоа хаос во пристапот на медиумите на прес-конференциите насекаде во земјата. Во Флорида, гувернерот на 23 март му забрани на еден репортер да присуствува на прес-конференција, откако таа праша за мерките за социјално дистанцирање

8. Протерување и рестрикции за виза

Со цел да се контролира наративот за тоа како владата се справува со КОВИД-19, некои од земјите станаа негостољубиви за странските медиуми, при што во некои места овие медиуми уживаа поголема можност да известуваат критички од локалните медиуми 꽃밭에서 mp3 다운로드.

Кина и САД си играа пинг-понг со пристапот на новинарите во почетокот на 2020 година.

Во февруари, Кина протера тројца новинари на Вол стрит журнал, најверојатно поради одмазда за еден наслов на колумна во врска со КОВИД-19. Во март, САД воведе ограничување од 100 визи за членови на кинеските државни медиуми. Кина се одмазди со одземање на визата на најмалку 13 новинари од САД и тоа од Њујорк тајмс, Вашингтон пост и Вол стрит журнал.

Египет, пак, го избрка репортерот на Гардијан, Рут Михаелсон како одмазда за неговиот извештај од 15 март кој фрли сомнеж на владината официјална статистика за пандемијата.

9. Следење и потрага по контактите

Владите низ целиот свет ги мониторираат податоците за локацијата на мобилниот телефон и тестираат или пуштаат нови апликации за следење за да го пратат ширењето на КОВИД-19 공기인형 다운로드. Следењето може да ја наруши тајноста на изворите. Овие системи се претставени како привремени, но може да останат во употреба долго после пандемијата.

„Секогаш има сомнеж и грижа дека вонредните ситуации ќе создадат нови основни очекувања за тоа какво следење владата е овластена да спроведува. Ова секако го видовме по 11 септември, но јас мислам дека истиот проблем е присутен и сега“, вели Кери Десел, адвокат на Најт Институтот за Првиот Амандман од Њујорк.

„Мерките преземени во овој конкретен контекст секако дека нема да бидат оправдани штом владите стават контрола врз пандемијата и штом кризата биде решена некаде во блиска иднина“, вели Десел.

Дејвид Мас, постар истражувач во Фондацијата Електроник фронтиер од Сан Франциско се согласува дека штом државниот апарат добие дозвола за користење нова технологија, тешко дека ќе се врати назад.

„Гледаме дека денес ја користат за овој многу опасен вирус, но не знаеме што ќе се случи подоцна“, вели Мас 구글 계정 다운로드.

Телеком компаниите во Италија, Германија и Австрија им ги предаваат податоците за локацијата на здравствените власти, но собрани на куп и анонимни. Владите во Јужна Кореја и Јужна Африка ги мониторираат локациите на индивидуалните мобилни телефони, а Израел овласти безбедносни агенти да имаат пристап до локацијата и други податоци од милиони корисници на мобилни телефони.

10. Вонредни мерки

Авторитарните водачи може опортунистички да пристапат кон вонредните мерки кои ги криминализираат или ограничуваат активностите поврзани со собирање вести, документираше КЗН.

Унгарскиот парламент на 30 март донесе низа вонредни закони кои го овластија премиерот Виктор Орбан да владее со декрет.

На 26 март, Тајланд прогласи вонредна состојба која и овозможува на власата да ги „исправа“ извештаите за кои смета дека се неточни, и и овозможува кривично да гони новинари според Законот за компјутерски криминал, според кој можни се и петгодишни затворски казни.

Со оглед на тоа што во многу земји се уште има вонредна состојба која им овозможува на владите да владеат со уредби, и со оглед на тоа што вирусот се повеќе се шири во земјите во развој, се очекува да има уште повеќе ограничувања.

Текстот е дел од публикацијата на ССНМ која е помогната од Европската Унија, како дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.

 

 

 

Scroll Up