Дали владите треба да ги субвенционираат информативните медиуми?

Датум

Државната помош за медиумите не е нов концепт. Во светот постојат многу примери на влади кои финансиски ги поддржуваат медиумите од јавен интерес – идеално без влијание врз уредувачката политика. Особено во демократските земји, владината интервенција во зачувувањето и промовирањето на димензиите на јавна вредност на информативното и квалитетно новинарство е структурно формативна, смета Пол Клеменс Мурсец во неговиот текст за потребата од државни субвенции за медиумите објавен од Глобалната мрежа за истражувачко новинарство.

Во моментов, поддршката на улогата на веродостојно, непристрасно квалитетно новинарство и информативни медиуми во едно демократско општество – примарно во форма на плаќање на надоместокот за лиценца на јавниот сервис, но и преку директни грантови и индиректна помош на приватните печатени медиуми – се чини многу важна.

Но, државната помош не е ограничена на овие формати. Таа може да вклучува грантови за некомерцијални граѓански радио станици и новинарски онлајн сајтови, основање на медиумски компании и проекти на истражувачко новинарство. Идеално, сите овие форми на државна помош му дозволуваат на новинарството да обезбеди форум за јавен дијалог и овозможува социјална инклузија, политичко учество, како и одговорно однесување на граѓаните.

Сепак, и покрај тоа што државната помош за новинарството е вообичаена во Европа, тоа е спорно прашање. Додека Австрија, на пример, обезбедува грантови за институции кои обучуваат новинари, Франција гo укина надоместокот за данок на приход за новинарите, изненадувачки потег кој може негативно да влијае врз постојниот недостиг од различно мислење во медиумите во земјата.

Сметам дека е потребна регулација како одговор на потребата на јавноста од корекција на неефикасните и неправедни пазарни практики. Постои потреба од реформа на постојните шеми на поддршка. Секако, тоа да се направи на начин кој ќе ги задоволи сите засегнати страни е тешка, ако не и невозможна, задача.

Зошто е управувањето толку тешко?

Пред да погледнеме како би можела да изгледа успешна и ефикасна државната помош за медиумите, логично е да наброиме што државната помош може да направи за медиумите.

  1. Заштита на работните места и креирање нови.
  2. Зголемување на платите на новинарите и задоволството од работата.
  3. Негување на нивните вештини во однос на етика, контрола на квалитет, проверка на факти и односи со публиката за интересите на јавноста.
  4. Компензирање на нивната работа доколку јавноста не сака да плаќа претплата за вести.
  5. Подобрување на квалитетот на новинарството во јавен интерес, и/или поттикнување иновации во локалното информирање кои поинаку не би се случиле.

Во ситуација кога новинарството е под закана од пад на приходите од реклами и тешко се наоѓаат нови извори на приходи, државната помош за медиумите може да помогне да се адресираат некои од овие прашања.

Но зошто владите да влегуваат во матните води на помош на државните медиуми и да се изложуваат на критика која ја имплицираат ваквите шеми? На пример, ја отвараат ли субвенциите вратата за манипулирање на новинарите и доведуваат ли до медиумска пристрасност во корист на владата? И што со фундаменталниот парадокс на помош на државните медиуми? Може ли една влада да го структурира, регулира и финансиски поддржува новинарството и притоа да ја плати сметката за новинарите да можат да ја вршат нивната функција на „куче чувар“ без неповикана владина контрола или интервенција во уредничкиот процес? Или, со други зборови: која влада би дала пари на новинар кој работи на сторија за, да речеме, корупција во владата?

Критиката на државната помош за новинарите не запира тука. На макро ниво, способноста на јавните субвенции да ги решат постојните притисоци во медиумите е ограничена. Тие дури може да бидат и контрапродуктивни. Субвенциите, велат критичарите, ниту ќе ја отстранат опасноста од неуспех на пазарот, ниту ќе ги релаксираат прашањата на „регулаторна заробеност“ како форма на владин неуспех. Во ова сценарио, добронамерна влада е соочена со дилема во однос на политиките кои ги обезбедиле и економска виталност и уредувачка разновидност на медиумите.

Друг аспект кој подлежи на критика не толку поврзан со политичките последици од државните сувенции, колку со нивна потенцијално несоодветна распределба. Критичарите тврдат дека субвенциите влегуваат во џебовите на издавачите без очигледен поврат до новинарите и општеството. Како субвенции без јасни бенефиции, освен вештачки да ги држат во живот оние кои се еконоски слаби, тие прават малку за да воспостават рамнотежа помеѓу структурните нееднаквости на пазарот.

Како да се креираат поефективни шеми?

Што треба да се стори за да се адресираат овие критики? Кои критериуми треба да се исполнат за државната помош за новинарството да биде успешна и ефективна?

Прво, поддршката треба да биде целосно рефундирана од супранационални, национални, федерални и локални владини буџети, даноци, такси, можеби приход од лотарија или „задолжителни трансфери“ кои обврзуваат конкретни медиуми финансиски да поддржуваат други – како на пример обврска на јавниот сервис да рефундира печатено новинарство.

Второ, треба да се смета за природно дека развојот на новинарство поддржан од државата да не е ексклузивно базиран на економски принципи (економска слобода, права на сопственост), туку и на социо-културолошки, политички и демократски рамки заради заштита на јавниот интерес.

Важно, тоа подразбира дека новинарските принципи се заштитени и промовирани (вистина, точност, објективност, итн.) и дека шемата за финансирање е во согласност со меѓународните стандарди за етичко новинарство (т.е. кодекси на однесување, повелби и изјави на медиуми и професионални групи кои ги дефинираат принципите, вредностите и обврските), условите на плаќање (т.е. новинарството поддржано од државата не смее да го „деградира“ или дури да го замени фер плаќањето и договорите за колективно преговарање или треба да ги подразбира истите како основни услови), и принципите на диверзитет (пр. субвенциите треба да се распределат на новинарите од целиот политички спектар доколку ги почитуваат демократските принципи).

И трето, новинарството поддржано од државата може да користи различни алатки како што се даночни олеснувања, фискални придобивки, финансиски грантови, награди или друг вид повластен третман или промоции за новинарите. Поддршката може да биде директна и општа, или директна и селективна како на пример грантови кои би се доделиле на специфични новинарски жанрови (пр. истражувачко или граѓанско новинарство) или кои би биле насочени кон подобрување на работните услови (пр. грантови за иновација и модернизација, грантови за едукација и обука за новинари, награди, итн.).

Алтернативно, поддршката може да биде индиректна при што новинарите, на пример, се ослободени од плаќање придонеси. Друга можна опција е финансиска поддршка на нископрофитни корпорации или непрофитни новински колективи. Очигледно, алатките кои се користат треба да ги исполнуваат целите и треба да бидат редовно оценувани според применливи индикатори.

Конечно, државната помош за медиумите и новинарството не нуди решение на „магичен куршум“ во решавањето на кризата на индустријата и современото новинарство. Иако се истакнува значењето на политика на гаранции и иницијативи за промовирање на независност, квалитет и иновација, основно е да постои доказ за тоа што може да се добие од државната помош. Но, такви докази во моментов не постојат.

Текстот е дел од публикацијата на ССНМ која е помогната од Европската Унија, како дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.

“Содржината на оваа публикација е целосна одговорност на Синдикатот  на новинари и медиумски работници и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската Унија

Останати
објави

Сподели на...