Дали е дигитализацијата закана за новинарството?

Датум

Иднината на новинарството е дилема која целосно ќе дојде до израз преку сè поприсутната дигитализација на медиумите. На издавачите и медиумските претприемачи им требаат пари за да ја „потурнат“ дигиталната трансформација и да го обезбедат нејзиниот опстанок на пазарот.

Се покажало дека класичните модели на претплата и другите приходи не се доволни за да компензираат за забавеното огласување на онлајн корисниците, а приходите  во најмала рака – стагнираат. Накусо, на медиумските куќи им се потребни дополнителни приходи. Дали се тоа приходи од плаќање на онлајн новинарството?

БИТОКОМ, германскo здружение за информатичка технологија, телекомуникации и нови медиуми, спроведе анкета помеѓу интернет корисниците за тоа колку се подготвени да платат за онлајн медиумски содржини. Анкетата покажува дека постепено расте подготвеноста за прифаќање на таквата опција; 36 проценти од интернет корисниците во изминатите 12 месеци одвоиле пари за вести и други новинарски содржини на интенет страниците. За споредба, пред една години бројката беше 31 процент. Во групата корисници кои читаат онлајн вести, уделот изнесуваше дури 48 проценти. Веќе сега 22 проценти од интернет корисниците плаќаат месечен паушал, додека 20 проценти платиле во последните 12 месеци за поединечни статии или изданија.

Премногу бесплатни понуди

Потпретседателот на БИТКОМ, Аким Берг, не е изненаден од ваквиот развој. „За добра новинарска работа корисниците се подготвени и нешто да платат. Тоа е многу важно, бидејќи приходите од продажба на дигиталните изданија се неопходни за да се финансираат новинарските содржини во печатените и онлајн медиумите“. Тој ги повикува и издавачите да го променат односот на платената и неплатената содржина. Имено, според студијата, дури 73 проценти наведуваат дека потојат (сè уште) премногу бесплатни понуди, а 32 проценти сметаат дека дигиталните понуди се едноставно прескапи.

Според мислењето на експертите, дневните и неделните весници и списанијата во наредните години ќе изгубат на значење, додека пак ќе порасне значењето на онлајн медиумите, видео протокот и радио-интернетот.

И покрај поволните показатели, факт е дека наплатните модели за новинарските содржини на интернет не се проширија доволно кај издавачките куќи. Најголем брок издавачи (31 процент) тежиштето го ставаат на Фримиум моделот. Меѓутоа, кај неговата примена се наплатуваат само посебно вредните содржини. Околу 15 проценти од издавачите вовеле ограничувања (paywall) за одредени содржини.

Во такви услови разумно е да се размислува каква иднина му претстои на новинарството. Околу 49 проценти од испитаните медиумски компании веруваат дека дигиталните приходи ќе растат, дури и значително. 46 проценти очекуваат дека групното финансирање (crowdfunding) ќе станува сè поважен облик на финансирање. Во секој случај, медиумската иднина не е розева. Дигитализацијата води кон тоа издавачите да мораат постојано да ги прилагодуваат своите производи и да измислуваат нови. Непрофитните производи полека исчезнуваат од сцената. Според мислењето на експертите, дневните и неделните весници и списанијата во наредните години ќе изгубат на значење, додека пак ќе порасне значењето на онлајн медиумите, видео протокот и радио-интернетот. Само едно е сигурно: медиумските куќи мора да ги оптимизираат содржините за мобилните корисници.

Робот-новинар на иднината

Како ќе се одрази тоа на самите новинари? Испитаните медиумски менаџери проценуваат дека сликата за новинарството како професија од темел ќе се менува, при што дигитализацијата на медиумите ќе има многу важна улога. Многу од испитаниците сметаат дека за 10 години новинарските текстови ќе се создаваат со помош на „алгоритам“. „Роботничкото“ новинарство веќе сега постои во некои редакции за составување на едноставни текстови како што се извештаи за берза, известувања за состојбата во сообраќајот и временска прогноза.

Мислењето е дека интелигентните софтверски системи можат да ги ослободат новинарите од едноставните рутински задачи. Уште повеќе, со помош на специјален софтвер, тие можат да „откриваат“ непознати врски и да дадат нов замав на истржувачкото новинарство.

Дека тоа не се празни зборови кажува и најновиот случај во кој супермозокот на IBM, Вотсон, го уреди целото издание на британското списание за маркетинг – The Drum. Додека уредниците одмараа, Вотсон бираше слики, соодветни текстови и оформуваше поедини страници.

Мобилните медиуми продолжуваат да преземаат и да доминираат

Facebook, Snapchat и другите социјални платформи доминираа во разговорите за новинарството во последната година. Иако издавачите поитаа да ги искористат алатките како што се acebook Live, Instant статиите и Snapchat и со тоа да допрат до нова публика, тие се и загрижени поради промената на моделот на приходи.

Pew Research Center објави годишен извештај кој ги испитува трендовите и покажува дека дигиталната технологија и понатаму ја зголемува својата доминација кога се работи за индустријата на вести. Речиси половина од возрасните Американци сега прифаќаат вести од Facebook. Дневниот тираж на весниците паднал за 7 проценти од 2014 година до 2015 година, а приходите од рекламите во весници паднале за 8 проценти во истиот период. Потрошувачката на мобилно огласување се зголемила во периодот од 2014 до 2015 година за 65 проценти, се истакнува во споменатиот извештај Pewa. Тоа значи дека за 2015 година, дури 31.6 милијарди американски долари или 53 проценти од вкупното дигитално огласување е потрошено на мобилни огласи. Сепак, мобилното огласување изнесува само 17 проценти од 183 милијарди долари, колку што е потрошено на огласување на сите медиумски платформи во 2015 година. Пет компании –  Google, Facebook, Yahoo, Microsoft, и Twitter – заработиле 65 проценти од тој износ (61 процент во 2014.).

Останати
објави

Сподели на...