Дали треба да се криминализираат лажните вести?

Датум

Германските законодавци повикаа на правно дејство против продукцијата и дистрибуцијата на лажни вести. Но групите за дигитални права предупредуваат за стравичните ефекти кои тоа би можело да ги има на интернет, вклучувајќи и цензура.

Политичарите, консументите на вести и претприемачите во областа на социјалните медиуми го свртеа вниманието на темата на лажни вести, во голем дел поради нивното наводно влијание за време на претседателските избори во САД во ноември, со наслови кои велеа дека истакнати демократи – меѓу кои и претседавачот на кампањата на Хилари Клинтон – воделе мрежа која злупотребувала деца за секс од пицерија во Вашингтон и дека Папата го поддржал Доналд Трамп. Меѓутоа, група психолози во 2012 години објави студија за распространетоста на лажните информации, предупредувајќи дека тие може да имаат „значајни опасни импликации во една демократија.“

На „индивидуално ниво, лажните информации за прашања поврзани со здравјето – на пример, неоправдан страв од вакцини или неоправдана недоверба во алтернативната медицина – може многу да наштетат“, рече водечкиот автор на стурдијата Стивен Левановски, австралијски психолог на Универзитетот во Бристол.

„На општествено ниво, сеприсутните информации за политички прашња може да предизвикаат значителна штета. На глобално ниво, лажните информации за климатските промени во моментов ги одложуваат ешенијата“, дададе тој.

Додека гигантот на социјалните медиуми Facebook создаде систем за означување на „лажните вести“, властите се мачат како да го решат растечкиот моментум на погрешни информации на интернет.

Разгледување на законските опции

Германскиот законодавец Патрик Сенсбург, член на конзервативната христијанско-демократска партија на Ангела Меркел, изјави во интервјуто за Дојче веле во вторникот дека владата мора да размисли за „проширување на законските прекршоци“ против производителите на вести и „преземање дејства против луѓето кои ги водат таквите интернет страници“. Неколку германски политичари повикаа на законски мерки во борбата против овој растечки феномен на интернет, меѓу кои и Заменик канцеларот Сигмар Габриел од централно-левичарските Социјалдемократи (СДП) кој рече дека “мора да се обединиме“ против лажните вести и „социјалните [медиумските] ботови.“

diskriminiraj

Сенсбург рече дека таквите законски мерки нема „да ја ограничат слободата на изразување“, туку имаат за цел да ги спречат напорти зза „дестабилизирање на медиумскиот простор и довербата на граѓаните во државата.“

Тој исто така забележа дека доколку сторителите се вклучени во напори спонзорирани од државата за поткопување на општеството и демократските институции, тие треба да бидат гонери според законите за шпиунажа.

Германските законодавци предупредија дека постои голема веројатност Москва да се обиде да го поткопа изборниот процес на претстојните изборите на Бундестагот во 2017 по известувањата дека Русија ширела лажни вести во периодот пред изборите во САД за да ја зголеми поддршката за Доналд Трамп.

Ансгар Хевелинг, член на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ) изјави за весникот “Passauer Neue Presse” дека таквиот упад во изборниот процес во Германија е многу опасен, предупредувајќи дека „Русија има интерес да го подели и разниша нашето општество.“

Меѓутоа, законодавците сè уште не пронашле детални мерки за борба против лажните вести и дезинформациите на интернет, единствено предлагајќи зголемен притисок врз социјалните медиуми да ги бришат таквите содржини. Но обидите да се криминализираат дејствата на социјалните медиуми или да се селектира содржината достапна на таквите платформи наиде на остри критики.

Без нови ограничувања

Пред изборите во САД, Генералниот директор на Facebook, Марк Зукерберг рече дека „може повеќе да се стори “освен“ да ѝ се овозможи на нашата заедница да означува измами и лажни вести“, по притисокот врз него за справување со оваа појава.

Меѓутоа, Дуња Мијатовиќ, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, порано месецов напиша дека „никој не може да биде казнет за активности на социјалните медиуми како што се објавување и испраќање директни пораки освен доколку не се директно поврзани со насилни дејства и не го исполнуваат тестот на „неизбежно незаконско дејствите.“

„Прашањата поврзани со социјалните медиуми треба да се адресираат исклучиво преку саморегулација, образование и писменост, не преку нови рестрикции,“ рече таа.

Извршниот директор на Европската иницијатива за дигитални права (EDRi), Џо Мекнами, рече за Дојче веле дека компаниите на социјалните медиуми како што е Facebook не треба да имаат задача да ја селектираат содржината на нивната платформа.

„ EDRi е силно против тоа приватни компании ориентирани кон профит да се претворат во арбитери на вистината и во законодавци, судии, пороти и извршители на нашата слобода на комуникација“, рече Мекнами.

Поранешниот вработен во Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА), а сега информатор, Едвард Сноуден, му кажа на извршниот директор на Twitter, Џек Дорси, во вторникот дека стратегијата против лажните вести не треба да се врти околку цензура.

„Проблемот со лажните вести нема да се реши со барање судија, туку со меѓусебна соработка на сите нас како учесници, како граѓани и како корисници на овие услуги,“ рече Сноуден. „Одговорот на лош говор не е цензура. Одговорот на лош говор е повеќе говор. Мора да ја примениме и рашириме идејата дека критичкото мислење е поважно сега од кога и да е, со оглед на фактот што лагите стануваат многу популарни, “ додаде тој.

Останати
објави

Сподели на...