Демијан Редклиф за Меѓународната мрежа на новинари
Само 13 проценти од американските граѓани им веруваат на медиумите во голема мера, додека 28 проценти имаат задоволителна доверба во медиумите, покажа минатогодишното истражување на Галуп.
Сепак, довербата во медиумите се менува особено во изборни години, кога поларизацијата помеѓу граѓаните се зголемува.
Она што влева доверба се истражувањето на Поинтер од 2018 година за довербата во медиумите и на заедничкиот извештај на Фондацијата Најт и Галуп кои укажуваат на зголемена доверба во локалното новинарство.
Сепак, и тоа се однесува на помалку од половина од американските граѓани (45%) кои рекле дека веруваат на известувањето на локалните медиуми во „голема мера“ или во „задоволителна мера“, што е повеќе од вкупната доверба во националните медиуми од 31 процент, што покажува дека има уште многу работа за тоа да се подобри.
Имајќи го ова во предвид ви претставуваме 10 препораки за тоа како локалните медиуми да ја зголемат довербата, да се борат против субјективноста и да направат вестите да се исплатат.
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА
Кога растев ми личеше дека има новинар (и посебен фоторепортер) на секој јавен настан на кој одев. Се разбира, тоа најверојатноне беше така, но со намалувањето на вработеноста во редакциите за 25 проценти во САД од 2008 година, децата денес тешко дека ќе растат со истата перцепција. Но сепак, можностите за комуникација и ангажман на публиката се поголеми од кога и да е.
- Бидете видливи – и онлајн и во секојдневниот живот
Новинарите треба да ги истражуваат можностите за интеракција ливе в лице и тоа преку отворени уреднички колегиуми, настани и средби, како и можностите кои ги нудат социјалните мрежи како Фејсбук во живо или прашања и одговори на Редит.
Подкастот, пак, истовремено нуди можност за редакциите да им дадат глас на своите автори со најава на содржините кои ќе бидат објавени во утрешното издание на пример или што ќе има во весникот и зошто.
- Дозволете и на публиката да ѕирне зад завесата
Во минатото, довербата во нашата професија за земавме здраво за готово. Сега, треба да ја заслужиме. Најочигледниот начин за да го направиме тоа е да објасниме што е тоа што ние го правиме.
Како се создаваат сториите? Како решаваме што завршува на насловната страница, кои цитати да ги користиме, а кои да ги исфрлиме?
Подкастите се одличен формат за да се сподели „приказната зад приказната“. Алатките како Instagram stories можат да бидат слично ефективни за прикажување за случувањата зад сцената, за да се покаже како новинарите ја извршуваат нивната работа.
Промовирањето на писменоста за вести е есенцијална ако сакаме да создадеме публика која ќе ја разбира нашата работа и има желба да плати за вестите.
- Објаснете ги вашите термини
Истражувањата покажуваат дека не секогаш публиката разбира како функционира новинарството или, пак, јазикот, термините, зборовите кои новинарите ги користат да го објаснат.
Истражување на Ројтерс и Ипсос спроведено минатата година покажа дека 60 проценти од испитаниците веруваат дека репортерите се платени од нивните извори или понекогаш или многу често.
Директорот на Трастинг Њуз проектот, Џои Мајер ми кажа дека кога новинарите зборуваат за „анонимни извори“ многу луѓе мислат дека новинарот исто така не знае кој е изворот.
Не само што новинарите треба да го споделуваат својот процес на работа туку тие исто така треба да се грижат и за термините и називите кои ги користат, бидејќи тие ретко се разбирливи надвор од редакциите.
АДРЕСИРАЊЕ НА ПРИСТРАСТНОСТА
Живееме во општество каде нашите медиуми и политиката е многу пополаризирана и пристрастна отколку во неодамнешното минато.
Уште повеќе, како што смета Брајан Стелтер од Си-Ен-Ен, сегашните бизнис модели уште повеќе ја зголемуваат оваа поларизација.
Културата на “другите против нас“ помалку е изразена на локално ниво, но како што укажува истражување на „Најт“ „ таа доверба е покршлива отколку што претходно се мислеше, и уште поранлива на истите согледувања за пристрастност кои се закануваат на довербата во националните медиуми“.
- Одредена контрола на вашата публика
Историски, новинарите ги утврдуваа вестите кои публиката ги восприемаше. Сепак, ова мора да се промени ако сакаме довербата да се изгради од почеток.
Џенифер Брандел, шеф на „Харкен“ и Моника Гузман, соосновач и уредник на „Евергреј“ аргументираат во сторија за Ниман Лаб дека новинарите треба да прашаат – „Како можеме да помогнеме публиката да разбере или направи денес?“
„Нема да почнеме со наши идеи“, сметаат тие, „ќе почнеме со дупките во информациите кои публиката покажува дека постојат и ќе се фокусираме на пополнување на тие дупки“.
Ангажирајќи ја публиката да испраќа прашања, да ги слушаме нивните потреби може да резултира со приказни кои новинарите без тоа најверојатно немало да ги произведат.
- Разговарајте со различни луѓе
Белите, постарите и пообразованите Американците најверојатно зборувале со локални новинари многу повеќе од другите демографски структури, стои во изветајот на Истражувачкиот центар Пју. Повеќето Американци (79%) никогаш не зборувале со локален новинар.
Ова е значајно затоа што локалните новинари најчесто се единствените новинари луѓето некогаш ги сретнале. Како резултат на тоа, тие се посредник за пошироката индустрија и на линијата на фронтот во борбата со наративот за „лажните вести“.
Видливоста, која вклучува и распон на различни луѓе со кои зборувате за вашите текстови е многу значајна, не само на локално ниво, но и за пошироката перцепција за новинарската индустрија.
- Порепрезентативна редакција
Новинарството има класен проблем. Исто така ни требаат повеќе жени, луѓе од други раси и поголем број на луѓе со различни политички верувања и различно ниво на образование во редакциите.
Демографијата во редакциите и погледите на свет – мораат да се што поблиски до тие на публиката. Без ова, прелесно е редакциите (иако често и оправдано) да бидат обвинувани за пристрастност и за немање допир со реалноста.
НАПРАВЕТЕ ДА СЕ ПЛАЌА
Според Институтот Ројтерс, меѓу корисниците на дигиталните вести во САД само 16 проценти плаќаат за вестите преку претплата, членарина или донации. „Повеќето Американци“(71%) сметаат дека нивните локални медиуми стојат сосема добро во финансиска смисла.
Но, финансиската реалност е различна и повеќе од 1.800 локални весници беа затворени од 2004 година до денес. Над 1.300 заедници имаат недостаток од оригинално локално известување, а други области се во ризик да се запишат на оваа листа. Избегнувањето на ова е многу важно за иднината и напредокот на локалното новинарство и за потребата од информации која ја имаат локалните заедници.
- Фокусирајте се што повеќе на локалното
Во време на ослободување на содржините, кога публиката има пристап до повеќе медиуми од кога и да е (повеќето од нив бесплатни), постои бизнис императив да се биде и различен и содржаен.
Доколку не понудите вредни содржини, луѓето нема да платат за нив. Помалку од две третини (61%) од испитаниците им кажале на анкетарите на Најт/Галуп дека локалните медиуми прават одлична или добра работа во покривањето на настаните и случувањата во нивната област.
- Направете содржините да се достапни на мобилен телефон
Исто така, со тоа што публиката се повеќе консумира вести онлајн и преку паметните телефони така и редакциите треба да ја подобруваат нивната дигитална понуда.
Многу често искуството на корисниците е лошо.
Медиумите на сите нивоа, особено локалните, мора да го подобрат изгледот на нивните веб-страници и на онлајн содржините така што тие ќе бидат со помалку реклами кои одвлекуваат внимание и ќе бидат лесни за користење.
- Не се срамете да го покажете влијанието
Една од најинтересните статистика од студијата на Најт/Галуп откри дека „Американците не се целосно убедени дека локалните вести ги повикуваат на одговорност можниците и институциите“.
Шеесет проценти од испитаните чувствуваат дека локалните медиуми ја вршат „доволно“ или „слабо“ својата работа во насокоа на известување за одговорност на институциите. Близу две третини покажале желба за поголемо покривање на теми како што се зависност од дроги, образование, животна средина и инфраструктурни проекти.
Локалните редакции треба да посветат внимание на ова. Не само што треба да подобро да работат, тие исто така треба подобро и повеќе да ги промовираат нивните влијание и успеси.
- Понудете широк спектар на стории
Иако столб на известувањето е чувањето на јавниот интерес, премногу од тоа може да биде оптеретување за публиката. Избегнување на вестите е многу реален проблем и борбените, често депресивни вести ги одвраќа луѓето.
Покрај тоа што треба да се бара одговорност од тие на власт, публиката сака локалните медиуми да бидат и „добар сосед“. Полесни, теми ориентирани на заедницата се значајни, како што се и стории насочени кон потенцијални решенија на проблемите.
„Ви требаат и вашите пит-були, но и вашите пудлици“, ми кажа еднаш мојот пријател Кевин Андерсон, кога сакаше да ги анализира потребните вештини, персонал и содржини кои им се потребни на локалните редакции.
ГЛЕДАЊЕ ВО ИДНИНАТА
Како што покажуваат истражувањата на Пју и Најт/Галуп, типично за Американците е да веруваат дека локалните медиуми вршат добра работа во поглед на тоа дека се точни, корисни, доверливи и грижливи.
Ова е вредна основа која треба да се продолжи да се надоградува, затоа што истражувањата покажуваат дека без добра локална индустрија за вести, помалку луѓе се кандидираат за функции и граѓаните стануваат се помалку заинтересирани за изборите.
Уште повеќе, позитивните ефекти како што се врската помеѓу консумирањето на локални вести и граѓанска ангажираност, можноста на локалните медиуми да бидат чувари на јавниот интерес, да создаваат информирано граѓанство или го зајакнуваат чувството за заедништво, се во ризик да бидат изгубени.
Локалното новинарство можеби има поголема доверба од националните медиуми, но не смее да се потпира на ловориките од минатото.
Текстот е дел од публикацијата на ССНМ која е помогната од Европската Унија, како дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: Справување со лажните вести“ имплементиран од Македонски институт за медиуми, Институт за комуникациски студии, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници и Медиа дајверсити институт.