Според последните истражувања на ССНМ, младите новинари и оние кои работат во дигиталните медиуми во земјава најчесто работат со нерегулирани работни договори. Во услови на здравствена и економска криза во последните години, овој проблем се повеќе се појавува на површина, особено во случајот со здравственото осигурување.
Целта на повикот беше преку слика и порака да се прикаже како е да се биде новинар во онлајн медиум, млад новинар(к)а или медиумски работник во Северна Македонија и кои се најчестите прекршувања на работничкие права со кои тие се соочуваат.
Оттука, од исклучителна важност е кревање на свеста за овие прашања особено кога станува збор за младите во фелата, ако се водиме од фактот дека тие се меѓу најслабо платените и најмалку бројни во медиумите.
Të gjitha të drejtat bazë të punëtorëve shkelen kur vjen puna te punësimi në ndonjë medium digjital në Maqedoninë e Veriut. Tashmë e normalizuar për gazetarët, ky lloj punësimi çdo ditë e më tepër është prezent në vend. Puna pa obligime të caktuara është ngarkesë fizike dhe psikike për gazetarët.
Kога станува збор за вработување во кој било дигитален медиум во Северна Македонија се кршат сите основни права на работниците. Веќе нормализиран за новинарите, овој вид на вработување секојдневно е се поприсутен во земјава. Работењето без одредени обврски е физички и психички товар за новинарите.
Рита Бехадини,
новинарка
Дигиталната кампања се спроведува во рамки на во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските Синдикати на новинари.